НАСА планира мисија на Титан во потрага по живот

НАСА има во план да испрати вселенско летало на Титан кон средината на 2030-тите, а тимот зад овој проект постави амбициозни цели и ја нарече својата мисија „Драгонфлај“. Титан е најголемата месечина на Сатурн која има неверојатни сличности со Земјата. Има густа атмосфера и претставува единствениот небесен дел од нашиот сончев систем покрај Земјата за кој се знае дека има реки, езера и мориња. Сепак, главната разлика е во тоа што тие не се полни со вода, туку со течен метан.

Леталото ќе биде поголема верзија на хеликоптерот на НАСА кој се наоѓа на Марс, а кој стана првата „машина“ направена од човек, која извршува контролиран лет во друг свет. Новото летало ќе се движи на различни локации на Титан и ќе собира примероци, а главната цел е да се провери дали на Титан имало и дали има потенцијал за каква било форма на живот.

Лансирањето се очекува да биде во 2026 година, а неговото пристигнување на Титан до 2034 година. Кога ќе пристигне на својата дестинација, леталото најверојатно ќе донесе револуција во врска со нашето разбирање за Сончевиот систем, ќе понуди прекрасни фотографии што пристигнаат од вселената и многу повеќе од тоа.