НАСА објави над 8000 фотографии од мисиите на астронаутите на Месечината

За време на обуките на вселенската програма Аполо, астронаутите биле предупредувани за непознатите опасности со кои би можеле да се соочуваат, биле подложни на научни експерименти, управување со вселенско летало, одење по површината на Месечината, и разбирање на знаци, звуци и физички стрес кој претходно не ги почувствувале. Истовремено, тие требале постојано да фотографираат, секој момент од нивното патување со модифицирана Hasselblad камера.

Минатиот петок, за првпат НАСА објави целосен каталог од 8400 фотографии од мисијата Аполо, од првиот пробен лет во 1968 година, до последната мисија на Месечината во 1972 година.

Она што ги прави овие фотографии поразлични од претходните е што се прикажува човечката страна на целиот труд. Во продолжение, се дел од илјадниците фотографии кои можат да се погледната на  Flickr.