НАСА најави планови за поставување на интернет на Месечината

Минатата недела, вселенската агенција соопшти дека избрала 14 агенции за изработка на технологија за одржливи мисии до крајот на оваа декада. Меѓу компаниите се наоѓа и „Нокиа“, која доби 14.1 милион долари за изработка на првата мобилна мрежа на Месечината.

Мрежата, која се очекува да се надгради од 4G во 5G, ќе обезбеди комуникација за споделување на информации, како команди и контролни фунции, далечинска навигација за лунарни роботи и стримање на висококвалитетни видеа. На овој начин, астронаутите ќе комуницираат преку аудио и видео, а истовремено ќе разменуваат биометрички информации преку бежична комуникација.

„Се обидуваме да ја збогатиме нашата историја во вселенската технологија. Започнавме со сателитска комуникација, па стигнавме до откривање на космичките бранови на радијација создадена од „Големиот судир“. Сега, ја изработуваме првата мобилна мрежа на Месечината“, изјавил Маркус Велдон, надредениот технолог во „Нокиа“.

Проектот е дел од планот на НАСА за кој се издвоени 28 милијарди долари, односно праќањe на првата жена и вториот човек на Месечината – за прв пат после 172 година. Претходно месецов, вселенската станица лансираше во вселената тоалет вреден 23 милиони долари. Крајната цел е отворање на човечка база на месечината како прв чекор кон човечка посета на Марс.

Извор: Dazed&Confused