НАСА: Хабл откри „диск“ околу црна дупка кој не треба да постои

Како црните дупки да не беа доволно мистериозни, астрономите на НАСА употребувајќи го вселенскиот телескоп Хабл најде неочекувано тенок „диск“ кој се врти околу супеголема црна дупка во срцето на спиралната галаксија НГЦ 3147, лоцирана на оддалеченост од 130 милиони светлосни години, објави НАСА.

Според НАСА, дискот не треба да биде таму, базирано на постоечките астрономски теории. Сепак, велат од таму, неочекуваното присуство на диск толку блиску до црна дупка нуди уникатна можност да се тестираат теориите на релативност на Алберт Ајнштајн.

Мистериозната црна дупка, која тежи околу 250 милиони пати повеќе од сонцето, е детално објаснета во астрономскиот журнал Месечни известувања на Кралското астрономско друштво на 11 јули. Она што ги збунува астрономите е што е опкружена од дискот, познат како акреционен диск, кој содржи остатоци и гас што брзо движат околу работ на дупката.

Огромното гравитациско поле на оваа црна дупка не заробува доволно материјал, што значи дека таа е „гладна“. Црните дупки како оваа се опишуваат како „прегладнети“ поради нивниот недостиг од гравитационо заробени материјали со кои би се „хранеле“, а околниот материјал што паѓа во неа вообичаено се шири нанадвор во маглина во облик на крофна.

Ваквите црни дупки генерално не формираат дискови од материјал – тоа е резервирано за добро ухранетите космички ѕверки.

Сепак, жестокиот диск што ја опкружува оваа гладна црна дупка се движи со повеќе од 10 проценти од брзината на светлината и личи на оние што се наоѓани во екстремно активни галаксии со „прејадени, монструозни црни дупки“, вели НАСА.