НАСА ќе испрати 3Д принтер во вселената што луѓето ќе можат да го користат

НАСА се подготвува да го испрати својот прв комерцијален уред во Меѓународната вселенска станица (ISS). Компанијата за 3D печатење „Произведено во вселената“ се здружи со НАСА за да го испрати својот уред до вселенската станица, со лансирање што ќе се одржи во вторник.

Луѓето може да платат за да го користат 3D принтерот, кој е специјално дизајниран да работи во средина со микрогравитација, да печати производи во вселенската станица. Откако ќе пристигне, компанијата ќе биде во можност да командува со него, од нивното седиште при НАСА.

Спенсер Ритман, шефот на производствената стратегија во „Произведено во вселената“, вели дека компанијата веќе има обезбедено 20 клиенти кои плаќаат за овој уред. Нивни први клиенти се средни училишта кои ќе бидат домаќини на настани за дизајн, универзитетите кои ќе печатат компоненти за медицински истражувања, како и компании кои ќе печатат комерцијални делови за сателити и други вселенски летала.

3Д принтерот се изработувал неколку години. Компанијата за првпат ја демонстрираше неговата способност во 2011 година, со помош на параболични летови. Компанијата, исто така, испрати недовршена верзија на принтерот во Меѓународната вселенска станица, во 2014 година Познат како експериментот за 3Д принтање во микрогравитација, нивниот прв печатач спроведе серија на тестови, со повеќе од десетина различни материјали.

Овој уред може да им помогне на компаниите да го избегнат скапиот процес на сертификација и да се намали времето на чекање да се дојде до орбита. Сепак, 3D печатачот бара печатење на материјали, кои се исто толку скапи како било што  друго да се испрати во орбитата. Поради ова, Питман рече дека цената за овој уред би се движела од 6.000 до 30.000 долари.

Дотогаш, овој уред би можел да биде атрактивна алтернатива за одредени клиенти во исклучителни ситуации. Ако ништо друго, тоа е интересна нова опција која не била на располагање до сега.