НАСА ја заврши едногодишната симулирана мисија „на Марс“

Откако помина цела година живеејќи во изолација на Хаваи, на симулирана мисија „на Марс“, екипажот на Hawaii Space Exploration Analog & Simulation (HI-SEAS), вчера конечно се врати во цивилизација.

Иако професионалците со големо познавање во вселенската технологија како Илон Маск често зборуваат за праќање на луѓе на мисија на Марс, реалноста е дека таквата мисија ќе ги стави астронаутите на тежок тест на издржливост, и на физичко и на психолошко ниво.

Екипажот беше составен од тим на експерти, меѓу кои и Шејна Гифорд, научен истражувач, Тристан Басингвајте, архитект, Кармел Џонстон, научник на почви, Андржеј Стјуарт, пилот, Сиприен Версо, астробиолог и Кристијане Хејнике, физичар и инженер. Живееја во хабитат на слаповите на вулканот Мауна Лоа, на островот Хаваи.

„Мисија на Марс во иднината е реалистична. Мислам дека технолошките и психолошките предизвици можат да се совладаат“, вели Версо. „За мене, да се биде таму беше одлична можностда видам кои би биле се реалните пречки на мисија на Марс“.


Екипажот бил надгледуван цело време. Сепак, деталите за откритијата од мисијата засега се држат во тајност. Сепак, „мисијата“ дава добра претстава за тоа кои се најголемите проблеми на живеењето на друга планета.

Според Хајнике, најголем проблем кој го мачел цела година е здодевноста. Тој зборува и за предизвиците кои се појавуваат кога се работи со истите луѓе во толку тесен простор толку долго време. Според него, итните случаи и неволјите всушност помагаат екипажот да се зближи и го прават долгиот период во изолација поподнослив.

HI-SEAS програмата веќе ја регрутира следната група на „виртуелни астронаути“, а повикот е отворен за сите. Наредната осуммесечна мисија ќе започне во јануари 2017 и ќе биде лоцирана во „изолирана околина која е слична на Марс“, на Големиот хавајски остров, на околу 2500 метри надморска височина. Рокот за аплицирање е 5 септември.