Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачкото право

Канцеларијата на Народниот правобранител од денес ја отвори својата бесплатна линија за граѓаните да пријават каква било повреда на избирачкото право.

Сите непрaвилности може да се пријават во текот на предизборниот период и на денот на гласањето на бројот 0800 54321.

„Народниот правобранител, со цел заштита на избирачкото право на граѓаните ќе презема итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права“, соопштија од канцеларијата на Народниот правобранител.

Телефонската линија ќе функционира секој работен ден од 08 до 16 часот и по пријавите на граѓаните ќе се постапува веднаш, по примениот повик или снимената порака.