Народна банка со едукативно видео за електронско банкарство

Народната банка на Република Северна Македонија објави ново кратко анимирано видео од серијалот едукативни анимирани видеа „Со Народната банка во светот на финансиите“. Темата на новата епизода е електронското банкарство и управување со електронското плаќање.

Видеото е изработено со поддршка од Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ), како придонес за јакнење на финансиската писменост во Северна Македонија.

Видеото погледнете го во продолжение: