Наредба од Државниот студентски дом „Скопје“: Раселените го губат правото на сместување

Од 8 јули 2014 година, лицата кои во студентските домови беа вселени со статус на внатрешно раселени лица по конфликтот од 2001 година го губат правото на сместување во Домот. Ваква наредба пристигна деновиве во Студентскиот дом „Стив Наумов“ веднаш откако беа истакнати цените за сместување на студенти преку лето, објави Излез.

Наредба од државниот студентски дом „Скопје“: Раселените од 2001 година го губат правото на сместување

Во овој студентски дом покрај студенти се сместени и луѓе кои од државата добија статус на внатрешно раселени лица и на кои им беа доделени бесплатни легла откако некои од нив ги изгубија своите домови во конфликтот. Тие беа сместени во втората ламела од женската зграда на домот.

Дел од нив се жалат дека немаат каде да одат, а имаат само уште три дена да ги напуштат собите. Во спротивно, како што е наведено во наредбата, од Центарот ќе бидат принудени да преземат дополнителни мерки и да побараат полициска интервенција, а трошоците ќе бидат на товар на оние што треба да се иселат.

Од конфликтот поминаа 13 години. Со текот на годините овие луѓе изградија семејства во дел од студентските домови. Многу често се слушаа жалби од студентите дека местото на овие лица не е меѓу студентите и дека за нив државата требало да оддели дел од буџетот за да ги смести во посоодветни услови така што студентските домови ќе бидат целосно на студентите.

Извор: Излез