Напуштени кучиња носат тениски топки на турнир во Бразил

Кучиња од прифатилишта, напуштени во предградијата на Сао Пауло, веќе втора година по ред добиваат нова улога – тие се атракција на тенискиот турнир Бразил Опен, како носачи на топчиња.

Синди, Нанда, Претиња, Миа, Арлета и Овеља, се имињата на шесте кучиња кои ќе ги носат топчињата за време на загревањето за полуфиналните мечеви и финалето на турнирот. Целта е да се промовира вдомување на напуштени кучиња во бразилскиот град. Кучињата носат потници и стегачи на нозете и шалови околу нивниот врат.

„Тие се кучиња кои преживеале тешкотии, но, сакаме да покажеме дека без оглед на тоа низ што поминале, тие можат да бидат одлични придружници денес и во иднина. Што е заедничко на овие кучиња? Освен што се напуштени и што бараат вдомување, тие обожаваат да трчаат по топчиња“, вели Мадалена Спиназола, сопственик на пет-шоп која ја организира оваа иницијатива на тенискиот турнир.

A post shared by Brasil Open (@brasilopen) on

Сите четири кучиња, кои настапувале на турнирот минатата година, биле вдомени, информираат организаторите. Едно од нив – Изабела, била преименувана од пар кој ја прифатил. Сега е позната како Серена.