Нападнати двајца редари на Град Скопје кај Вардариште

Двајца вработени во редарската служба на Град Скопје беа нападнати додека ја извршуваа нивната службена должност. Нападот се случи кај Вардариште од страна на лица кои со возило незаконски истураа отпад, соопштија од Град Скопје.

„Од нападот едниот вработен се здоби со повреди пришто истиот е хоспитализиран во Градската болница, а дополнително оштетено е и службеното возило со кое патролирале“, посочуваат од Градот.

Случајот е пријавен во полиција, заедно со фотографии од возилото и лицата кои незаконски депонирале отпад и го физички ги нападнале редарите.