Намален за 4.5% бројот на ученици и студенти сместени во интернати и студентски домови

Во 2019/2020 година вкупно 5 727 ученици и студенти биле сместени во интернатите и студентските домови, што е за 4.5% намалување во споредба со 2018/2019 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Со годишните извештаи се опфатени 36 домови од кои 8 се интернати за основци, 14 за средношколци, 12 студентски домови и дома за ученици што посетуваат средни верски училишта.

Изминатава година, вкупно 4 090 студенти престојувале во студентски домови, додека во средношколските интернати имало 1 561 ученик, во оние за основците имало сместено 76, додека 192 во домовите за учениците што учат во средни верски училишта.

Домовите за ученици и студентските домови обезбедуваат сместување, исхрана и воспитание на ученици и студенти
за време на школувањето надвор од местото на постојано живеење на родителите/издржувателите.