Намален прагот на алармирање за аерозагадување, соопшти Министерството за животна средина

Од Министерството за животна средина соопштија дека со измената на Уредбата за гранични вредности на аерозагадувањето, од 14-ти декември прагот на алармирање од загадување со ПМ10 честички ќе се намали од 188 на 175 милиграми на метар кубен.

„Во согласност со новата Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови  на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели во која е дефиниран прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри, од 14 декември 2019 година, прагот на алармирање на РМ10, се намалува од 188 mg/m3 и истиот изнесува 175 mg/m3 среднодневна концентрација во текот на 2 последователни дена и добиена прогноза за стабилна временска состојба во наредниот период“, соопштија од Министерството.