Бројот на запишани студенти во академската 2017/2018 година е намален за два отсто во споредба со 2016/2017 година.
Податоците што ги објави Државниот завод за статистика покажуваат дека во 2017/2018 година се запишале вкупно 56.941 студенти што е намалување во однос на 2016/2017 година.
Најголем број или 85,7 проценти се запишани на државните високообразовни установи, а 13,9 проценти на приватните факултети.
Во прва година на студии запишани се 15.094 студенти или 26,5 проценти. Тука се опфатени и студентите што по втор, трет и повеќепати запишуваат прва година.