[НаКс] Трибина на тема „Проблеми и предизвици на финансирањето на високото образование и науката во РСМ“

Независниот академски синдикат (НАкС) денеска ќе одржи трибина на темата „Проблеми и предизвици на финансирањето на високото образование и науката во РСМ“. Трибината ќе се одржи со почеток од 13 часот во „Кино култура“.

Денешниот настан е дел од проектот „Финансиска транспарентност и отчетност во високото образование и науката во РСМ“, а ќе се однесува на заклучоците од анализите, кои се однесуваат на воспоставување критериуми за финансирање на високообразовните институции, воспоставување критериуми за формирање на платите на вработените во високото образование, потпишување колективен договор и финансирање на научно-истражувачката дејност во РСМ.

Панелисти на трибината се претставниците на МАНУ, претставниците на јавните универзитети, претставниците на студентите и претставниците на синдикатите од високото образование и науката.

Како учесници во општата дискусија на трибината ќе бидат и претставници од приватните универзитети, членовите на Независниот академски синдикат и членовите на академската заедница, како и пошироката јавност.