НАкС до премиерот: Без исплата на минат труд постои ризик од протести и тужби

Кoн крајoт на минатата гoдина, министерoт за oбразoвание и наука, г. Арбер Адеми вo дoгoвoр со гранковиот синдикат СОНК се спгласи за покачување на платите во високото образование во висина од 10%. Покачувањето на платите требаше да стартува со јануарската плата од оваа година. Во меѓувреме, сосема непотребно, a заради нечии лични интереси кои немаат допирни точки со залпжбата за унапредување на положбата на вработените, се испроблематизира начинот на кој ќе се изврши ветеното покачување, стои во писмото на Независниот академски синдикат (НАкС) до премиерот Оливер Спасовски.

Во продолжение ви го пренесуваме целото писмо:

Во низата средби и преговори со владините претставници, за кои Независниот академски синдикат редовно ја информираше јавноста, предложивме повеќе решенија кои беа во рамките на законот и изводливи од самиот почеток. Едно од решенијата беше измената на Законот за исплата на плати, кое се најде во собраниска прпцедура. За жал, претседателот на Комисијата за труд и социјална политика, г. Влатко Ѓорчев, до распуштањето на Собранието, не ја свика Комисијата за да расправа по ова прашање. Не би сакале да навлегуваме во неговите мотиви.

Во заштита на интересите на нашето членство и на сите вработени во високото образование, Независнипт академски синдикат нуди уште една опција во врска со разрешувањето на овој проблем. Тргнувајќи од фактот дека средствата за покачувањето на платите во високото образование се предвидени во Буџетот за 2020 година, можете веќе на следната владина седница да го задолжите ресорниот министер веднаш да отпочне со исплата на минатиот труд од основниот буџет на МОН. Притоа, потенцираме дека тоа не е ветеното покачување од 10%, туку е законска обврска која со години не се реализира – уште еден доказ за тоа колку високото образпвание е фрлено на маргините на општествениот фокус.

Почитуван г. Спасовски, нашето трпение е веќе исцрпено. Се обидуваме да бидеме максимално конструктивни – во изминатиот период покажавме дека можеме и умееме да се спротиставиме на низа општествени неправилности. Се обидуваме да се справиме со долгогодишното системско уништување на високото образование и преку предложениот Колективен договор од НАкС, кој, во изминатиот период, беше сосема изигнориран од страна на ресорниот министер. Исплатата на минатиот труд е само еден мал дел од овој значаен документ. Сепак, извршување на исплатата би го сметале за позитивен чекор од Владата и успешен почеток за натамошни преговори.

Во спротивно, постои ризик бранот на незадоволство да се излие во форма на протести и во неброени поединечни тужби за неисплатен минат труд. Во тој случај, и оваа, и многу наредни влади ќе мора да се справуваат со дополнителни исплати кон оштетените, кои без сомнение ќе бидат повиспки од веќе алпцираните средства во буџетот.

Со почит, НАкС