Најзначајните настани во светот на уметноста во 2013 година

Минатата 2013 година во светот на уметноста помина во знакот на големите пронајдоци , решавањето на големите кражби на уметнички дела, вртоглави износи на аукциите и активизам.

Најзначајните настани во светот на уметноста во 2013 годинаТака во 2013-та конечно е разрешен големиот грабеж на холандската галерија Kunsthal од кои беа украдени ремек-дела на уметноста, вклучувајќи слики од Пабло Пикасо, Лусијана Фројд и Клод Моне . Крадците дошле од Романија, но и покрај нивното успешно откривање, приказната доби лош крај. Имено мајката на Раду Догариа, лидер на разбојничката тројка со цел да го спаси синот од затвор дел од украдените дела ги запали во печка на дрва со што засекогаш се изгубени слики со непроценлива вредност. Благодарение на чинот на загрижената мајка, романскиот режисер Тудор Џурџ најави снимање на филм за настанот.

Интересно во 2013-та беше и тоа што едно уметничко дело падна како жртва на „добрите намери“ и тоа во сега веќе „прославениот“ случај Сесилија Хименез, осумдесетгодишна старица која самоиницијативно ја „реставрираше“ фреската „Ecce Homo” во селската црква во близина на шпанскиот град Сарагоса и создаде вирален хит.

По неколку години заборав, во станот на осумдесетгодишниот Корнелиус Гурлито во Минхен неодамна беа пронајдени над 1.400 уметнички дела, вклучувајќи и дела на Пабло Пикасо, Анри Матис , Марк Шагал , Пол Кле и други познати уметници. Тој делата ги наследил од својот татко, познатиот колекционер Хилдебранд Гурлито кој ги имал стекнато благодарение на соработката со нацистите. Повеќето од колекцијата била дел од нацистичкиот плен , а помеѓу останатите имало и дела од експресионизмот, дадизмот, надреализмот и кубизмот, правци кои Адолф Хитлер ги нарекувал“изопачени“.

Треба да се спомене и откривањето на уште едно, до 2013 година непознато дело од Леонардо да Винчи. Благодарение на начинот на утврдување на староста на материјалите со радиоактивен изотоп на јаглерод, беше потврдено дека портретот на италијанската благородничка Изабел Д` Есте,  насликан во периодот помеѓу 1460 и 1650 година го насликал мајсторот на ренесансата . Портретот со години стоел заклучен во еден швајцарски сеф во кој се наоѓале уште 400 слики од приватна семејна колекција.

И додека Винчиевото дело е успешно откриено, ова инспирираше ново пребарување . Истражувачите од мај се во потрага по Мона Лиза,  па во Фиренца отворија со векови стара гробница барајќи остатоци за да го потврдат идентитетот на жената чија загадочна насмевка засекогаш ја овековечи Да Винчи.

Уметноста во 2013 година остави забележаи уште две имиња на уметниците Марина Абрамовиќ и Ал- Majaс бинт Хамад Ал Тани.

Марина Абрамовиќ  успеа да собере средства за отворање на Институт Марина Абрамовиќ, центар кој според неа ќе стане Мека за уметници, научници, мислители и сите кои се подготвени да се подложат на повеќечасовни вежби за да го исчистат умот и телото. Поради својата присутност во медиумите и статусот на вистинска ѕвезда на која не и се непознати флертувањата во светот на шоу-бизнисот, Абрамович поттикна и саркастична критика. Така, на пример , преку онлајн кампања беа собирани донации за нејзино пензионирање.

Ќерката на емирот на Катар  Ал- Majaс бинт Хамад Ал Тани на купување уметнички дела од приватни сопственици и по аукции троши околу една милијарда долари годишно, а со цел да обезбеди врвен квалитет на уметничките дела за музеите во Доха. Во својата колекција има дела на еден од најголемите уметници на минатиот век – Пикасо, како и контроверзниот современ уметник Демијан Хирст и многу други…. Поради ова таа се најде на врвот на листата на сто највлијателни луѓе и институции во светот на културата, која секоја година ја прави списанието “Artreview ” .

Минатата 2013 година останува запаметена и по астрономските цени постигнати на аукциите , како што се на пример „Три студии на Лисијен Фројд“, на Френсис Бекон што за само шест минути достигна цена од 142 милиони  долари  на аукција во Њујорк. И покрај извесното закрепнување на пазарот на уметнички дела, не многу розовата актуелна политичка и социјална состојба на уметниците им служеше како муза. Познатиот уличен уметник Бенкси во октомври во Њујорк им овозможи на жителите на овој град секојдневни акции со кои се пресметуваше со нехуманиот третман на животните, терористите и му се потсмеваше на капитализмот.

Извор