Најстарата желка на светот Џонатан, прослави 191 години

Националното богатство на Островот Света Елена, желката Џонатан која е постара и од телефонот, е во добра здравствена состојба и се очекува да влезе во третиот век од живеењето.

Најстарата желка, но и животно на светот е џиновската желка од Сејшелите, која го дочека својот 191 роденден.

Желката Џонатан родена во 1832 година, е постара од поштенските марки, телефонот и фотографијата.

Животното ја „преживеало“ американската граѓанска војна, поголем дел од владеењето на Кралицата Викторија, подемот и падот на Советскиот Сојуз и двете Светски војни.

Животот на Џонатан е исполнет и со романса, единката има остварено релација со желките

На Островот Света Елена, Џонатан е прогласен за Национално богатство и се наоѓа на локална монета.

„Џонатан е во добра здравствена состојба и сите резултати покажуваат дека тој ќе доживее третиот век, доколку веќе нема стигнато до таа возраст“, изјавил ветеринарот Џо Холинс за Гинисовите рекорди.

Возраста на Џонатан се претпоставува, по фактот дека тој како возрасна единка пристигнал на Островот во 1882 година.

„Луѓето често прашуваат кога е роденденот на Џонатан“. Одговорот е дека не знаеме“, пишува на веб-сајтот на Островот Света Елена.