„Најсреќниот човек на светот” на Теона С. Митевска селектиран за „Ателjе“ на Канскиот филмски фестивал

Новиот филм во развој на Теона Стругар Митевска, “Најсреќниот човек на светот” по сценариото на Митевска и Елма Татарагиќ ќе биде претставен во програмата за развој на проекти „Ателjе“ на Канскиот филмски фестивал.

Ова е прв пат С. Македонија да има свој проект на оваа престижна програма.

Вчера, канцеларијата за прес на Канскиот филмски фестивал соопшти дека 15 филмски проекти од целиот свет се избрани за овогодишната програма. Селекцијата преставува пресек на млади автори и веќе етаблирани филмски уметници во кои Кан верува. Проектите заедно со авторите и продуцентите ќе бидат претставени пред огромен број на копродуценти, дистрибутери, продажни агенти, фестивали и филмски професионалци заинтересирани за соработка.

„Ателје“ е еден од најпрестижните платформи за преставување на нови сценариа на авторите. Овој успех следи по Синелинк маркетот на Сараевскиот филмски фестивал, каде со истиот проект Теона Стругар Митевска ја доби првата награда за развој на проектот од Еуримаж, во висина од 20.000 евра.