Најочекуваните музички албуми во 2016 година

Музичките фанови и оваа година имаат причини да бидат возбудени – десетици албуми на светските музичари се веќе најавени или во подготовка, што значи дека 2016 ќе биде уште една музички плодна година. Еве некои од бендовите и нивните албуми кои се меѓу најочекуваните за оваа година:

Возбудата се прошири по интернет кога се дозна дека Radiohead основале нова компанија во октомври, што досега низ годините значеше ново издание на бендот. Овој албум се уште не е потврден, но фановите се во големо исчекување

Возбудата се прошири по интернет кога се дозна дека Radiohead основале нова компанија во октомври, што досега низ годините значеше ново издание на бендот. Овој албум се уште не е потврден, но фановите се во големо исчекување.

Во изминатите 12 месеци, Kanye објави неколку песни, а работеше со широк круг соработници, од Vic Mensa и Ty Dolla $ign, до Sia и Paul McCartney. Датумот за новиот албум, наречен „Swish“ се уште не е објавен.

Враќањето на Gorillaz, со албум чие име уште не е познато, беше најавено минатата година. Според она што се најавува, новото издание ќе има досега најголеми и најпознати имиња како гости и вокалисти.

Фанк-рок легендите од Лос Анџелес, Red Hot Chili Peppers го напуштија нивниот долгогодишен продуцент Rick Rubin, во корист на сестраниот Danger Mouse за нивниот 11-ти по ред албум. Anthony Kiedis изјави дека имаат избор од преку 30 песни за новото издание, кој ќе излезе пролетва.

Фанк-рок легендите од Лос Анџелес, Red Hot Chili Peppers го напуштија нивниот долгогодишен продуцент Rick Rubin, во корист на сестраниот Danger Mouse за нивниот 11-ти по ред албум. Anthony Kiedis изјави дека имаат избор од преку 30 песни за новото издание, кое ќе излезе пролетва.

PJ Hаrvey и режисерот Seamus Murphy од 2011 до 2014 година патуваа низ земји како Авганистан и Косово, а тоа е времето во кое бил зачнат новиот албум, снимен јавно во Англија, кој ќе излезе пролетва.

Новиот албум на Drake, „Views From The 6“ би можел да излезе секој ден, велат шпекулациите. Според најавите, на изданието ќе гостуваат Tinashe, Willow Smith и Beyoncé.

Иако беше зафатен со издавањето на својот прв соло албум, Jamie xx исто така работеше и на новото издание на The xx, кое треба да излезе годинава.

Фронтменот на Deftones, Chino Moreno за НМЕ изјави дека нивниот нов албум ќе биде „полн со клавијатури и пространи ниски фреквенции“. Новото издание засега нема потврден датум на издавање.