Најмалку пет ученици убиени при вооружен напад во училиште во Бразил

Најмалку пет ученици и едно вработено лице се убиени во училиште во југоисточен Бразил откако двајца тинејџери пукале од оружје, соопштила полицијата.

Нападот се случил околу 9:30 часот по локално време, кога учениците биле на одмор. Уште неколку луѓе се ранети, додека двајцата напаѓачи се самоубиле по нападот.

И покрај големиот број кривични дела со употреба на оружје, вакви инциденти – како напади во училишта, се ретки во земјата.

Училиштето било наменето и за основно и за средно образование, а идентитетот на жртвите и напаѓачите засега не се објавува. Полицијата сè уште ги истражува мотивите за нападот.