Најмалку 50 жртви во поплавите и свлечиштата во Јапонија

Најмалку 38 лица загинаа, а уште десетици се водат како исчезнати по големите поплави и свлечишта кои ги зафатија западните делови на Јапонија, пренесува ББЦ.

Поголемиот дел од жртвите биле во регионот на Хирошима, кој од четвртокот е зафатен со поројни врнежи, во кој се оштетени стотици домови.

На околу 1,5 милиони луѓе им беше наредено да се евакуираат од своите домови, додека на дополнителни 3 милиони жители им се советува напуштање на домот.

Илјадници полицајци, пожарникари и припадници на армијата учествуваат во спасувачките операции. Новинската агенција Кјодо информира дека дел од жртвите биле живи затрупани од свлечиштата.

Метеоролошката агенција соопштила дека во градот Мотојама, 600 километри западно од Токијо, наврнале 583 милиметри дожд помеѓу петокот и саботата, додека во следните денови се очекува уште врнежи.