Најголемите загадувачи во светот го ратификуваа климатскиот договор од Париз

Кина и САД официјално го ратификуваа историскиот договор од Париз, за да се намалат емисиите на штетни гасови и поголема борба против климатските промени.

Претседателите Барак Обама и Си Џинпинг доставија документи до генералниот секретар на ОН, вклучувајќи ги нивните земји во договорот, за време на церемонија во саботата.

Документот потврдува дека двете земји – како најголеми загадувачи во светот со емисии на јаглерод диоксид – ги превземаат сите неопходни домашни чекори потребни за да се приклучат на договорот.

Обама изјави дека САД се залагаат да бидат глобален лидер во борбата против климатските промени, со надеж дека договорот во Париз ќе биде запаметен како моментот кога светот се обедини за да се запре глобалното затоплување.

„Ова не е борба што која било земја, без разлика колку е моќна, може да ја истера сама”, додаде тој. „Еден ден може да гледаме на ова како на моментот кога конечно одлучивме да ја спасиме нашата планета.”

Претседателот на Кина, пак, рече дека договорот претставува пресвртница што ја означува „појавата на глобален владин систем” за климатските промени.

„Нашиот одговор на климатските промени е за иднината на нашиот народ и за доброто на човештвото”, рече тој.

Потегот на кинеската и на американската влада го зголеми притисокот врз британската Влада, која се уште го нема потпишано значајниот договор.

Кина и САД беа клучни за постигнување на договорот со 195 држави во Париз минатата година, каде што се постави краен рок до 2030 година да се запре зголемувањето на емисиите и ги објавија своите „заеднички уверувања дека климатските промени се еден од најголемите закани со кои се соочува човештвото”.

Кинеската влада ја објави својата намера да го ратификува договорот во април, заедно со уште 23 други земји.

Шуо Ли, висок советник за климатските промени во еколошката организација Гринпис, изјави дека овој потег од страна на САД и Кина е „многу важен чекор кон вистински глобален климатски договор, кој ќе ги поврзе двете најголеми емитери во светот.”

Долгорочната цел на договорот е да се одржи глобалното затоплување под 2 Целзиусови степена, во споредба со прединдустрискиот период, и се стреми да го ограничи порастот на температурата на 1.5 Целзиусови степени. Температурите веќе пораснаа за речиси 1 Целзиусов степен од времето на индустриската револуција, предизвикувајќи ги климатските промени, кои научниците ги обвинуваат за катастрофалните суши, екстремното време и топењето на поларните ледени брегови.

Според договорот во Париз, од земјите се бара да постават национални цели за намалување на нивните емисии на стакленички гасови. Иако бројките не се правно обврзувачки, земјите мора да го пријават нивниот напредок и дадат ажурирање на секои пет години, почнувајќи од 2020 година.

Планот предизвика контроверзии околу можните влијанија врз трговијата, земјоделството и производството во земјите во развој, кои се повеќе од доволно „охрабрени” за да ги намалат емисиите.