Најголемите светски фестивали рангирани според цената

Гардијан во соработка со сајтот „No.1 Currency“ направи листа на најголемите светски фестивали, рангирајќи ги според трошоците. Листата е направена врз основа на собрани податоци кои се однесуваат на цените на најпопуларните музички фестивали за 2015 година.

Иако не се вклучени сите фестивали, многу од најпопуларните забави се најдоа на оваа листа. Податоците покажуваат драматична разлика во цените помеѓу врвните музички светски настани, а во предвид се земени и трошоците како билети, сместување, храна и пијалоци, со цел да се проценати дневните и вкупните трошоци на патувањето. На врвот на табелата се наоѓа фестивалот „Coachella“ кој во моментов се одржува во Калифорнија, и за кој се потребни 360,17долари дневно, додека веднаш под него се наоѓа „Tomorrowland“ од Белгија, за кој на просечен посетител ќе му бидат потребни по 358,18 долари дневно.
„Coachella“ повторно се најде на врвот на листата за цената на фестивалскиот билет кој изнесува 483.44 долари, со што го победи фестивалот „Glastonbury“ од Велика Британија чија што цена изнесува 433.26 долари.

Фестивалот „Exit“во Србија пак останува најевтин фестивал, чија што цена изнесува 161.79 долари за билет за цел викенд. Фестивал кој има најниски цени на пијалоци е „Sonar“ во Барселона, каде што едно пиво чини само 1.43 долари, додека за едно пиво на фестивалот „Glastonbury“ ќе платите 500% повеќе.

Листа на фестивалите според цената на еден билет:

1. Coachella, САД (најскапиот)
2. Glastonbury, Велика Британија
3. Tomorrowland, Белгија
4. Roskilde, Данска
5. Rock am Ring, Германија
6. Sziget Festival, Будимпешта
7. Sonar, Шпанија
8. Open’er Festival, Полска
9. Exit, Србија
10. Main Square, Франција

Листа на фестивалите според трошоците за пиво:

1. Coachella, САД
2. Glastonbury, Велика Британија
3. Roskilde, Данска
4. Main Square, Франција
5. Rock am Ring, Германија
6. Tomorrowland, Белгија
7. Sziget Festival, Будимпешта
8. Open’er Festival, Полска
9. Exit, Србија
10. Sonar, Шпанија

Рангирање на фестивалите според вкупните трошоци кои се потребни за фестивалот (без трошоците за патувањето).

1. Roskilde, Данска
2. Glastonbury, Велика Британија
3. Coachella, САД
4. Tomorrowland, Белгија
5. Sziget Festival, Будимпешта
6. Rock am Ring, Германија
7. Main Square, Франција
8. Open’er Festival, Полска
9. Exit, Србија
10. Sonar, Шпанија