Најголемата глобална компанија за обработка на месо под хакерски напад

Најголемата глобална компанија за обработка на месо е под хакерски напад, кој ги сопрел линиите за производство во САД и Австралија, пренесува „Euronews

Бразилската компанија „ЏБС“ открила дека неколку од нејзините сервер каде се наоѓале компјутерските системи за САД и Австралија се под хакерски напад.

Од „Белата куќа“ изјавиле дека компанијата ја известила САД за барање за откуп од криминална организација, најверојатно со седиште во Русија.

Од компанијата пак, истакнале дека хакерскиот напад највеќе влијаел на нивните фарми и кланици и се очекува тие повторно да започнат со работа во текот на неделава.

„Нашите системи се враќаат онлајн и не штедиме средства против ваквите закани. Имајќи го предвид прогресот што го направивме во изминатите 24 часа, најголемиот дел фабриките за обработка на свинското, говедското и пилешкото месо наскоро ќе започнат со работа“, изјавил Андре Ногиера, шеф на американскиот оддел.

Хакерската група не ја објаснила причината за хакерскиот напад.

Претставник од Белата куќа изјавил дека САД комуницира со руската влада, а државата порачува Русија да не ги штити криминалците. ФБИ исто така го истражува инцидентот, а државните служби за сајбер безбедност исто така ја понудија својата поддршка за „ЏБС“.

Моментално, компанијата има 150.000 вработени на глобално ниво.

Во своето соопштение „ЏБС“ изјавиле дека нарачките на нивните клиенти не биле оштетени, но не информирале дали го платиле побараниот откуп. Австралијанскиот оддел на компанијата бил целосно стопиран, а 10.000 работници биле испратени дома без исплата за својот труд.