Најголем дел од граѓаните на БиХ против мешовити бракови

Речиси 39 отсто од граѓаните во Босна и Херцеговина се против склучување национално мешовити бракови, а во тоа противење предначат Србите.

Агенцијата за истражување на јавното мислење Прајм Комјуникејшнс денеска соопшти дека на прашањето „Дали поддржувате брак со други народи?“, позитивно одговориле 32,7 отсто, додека 38,7 биле против. Притоа, 28,6 отсто не одговориле на прашањето.

Со тврдењето дека „не би требало да се мешаат со припадниците на други народи по пат на национално мешовити бракови“ во целост се согласуваат 21 отсто од Србите, додека 34 проценти главно се согласуваат.

Така, 56 отсто од Србите се против мешовити бракови, 34 проценти ги поддржуваат, а неодлучни се 26 отсто.

Меѓу Хрватите, национално мешовити бракови не поддржуваат 43 отсто од испитаниците, 21 процент се согласуваат, а неодлучни се дури 36 отсто.

Мешовити бракови поддржуваат 38 отсто од Бошњаците, против се 33 отсто, а неодлучни 28 проценти.

Агенцијата Прајм Комјуникејшнс уште соопшти дека меѓу оние кои се изјаснуваат како Босанци, најголемиот дел поддржуваат национално мешовити бракови. Околу 50 отсто од Босанците поддржуваат, а против се само 12 отсто.

МИА