Најдоброто CV на светот

Најдоброто CV на светот

Њујоршкиот дизајнер и програмер Robby Leonardi е автор на можеби најдобрата работна биографија во светот. Интерактивното CV кое е дел од неговата веб-страница е всушност видеоигра која потсетува на класичните игри од времето на Супер Марио. Само што ќе го отворите, ќе ве заплисне бран на носталгија. Самата идеја е најдобра препорака за овој дизајнер. Неговата креативност е изразена преку пример, а не преку зборови – тоа му донесе не само професионален успех, туку и светски публицитет.

Погледнете ја работната биографија на Robbie Leonardi.