Најдобрите универзитети во тешка битка за најуспешните студенти

Универзитети-членки на „Russell Group“ нудат бесплатни летови, бесплатни кино билети, па дури и сместување за да ги „заведат“ најуспешните студенти.

A-grade student Tamar Israel chose Bristol University because her economics course is in the top 10

Со сите највисоки оценки од А-ниво, 18-годишната Тамар Израел е токму оној вид на студент за кој сите најдобри универзитети се „тепаа“ ова лето. Битката била прилично жестока.

Тамар одлучила да студира економија на Универзитетот Бристол, со една година резервирана за студии на размена во Франција, бидејќи се вљубила во „живиот, но убав и зелен град“. Но како и многу други од елитните студенти годинава, таа била сконцентрирана на постигнувањето на успех.

„Оценките и рангирањето беа важни за мене. Програмата која ја одбрав е една од 10-те најдобри во земјата, и очигледно е дека тоа е многу важно“, вели таа. „Освен тоа планирам да работам во банка, а банките ги селектираат студентите од најдобрите универзитети. Истражував малку и дефинитивно се чини дека дипломците од Бристол им се допаѓаат“.

И други млади луѓе се чувствуваат исто во однос на репутацијата на Бристол, бидејќи универзитетот го зголемил бројот на бруцоши, втора година по ред.

И покрај рекордните броеви на студенти кои се запишале на факултет годинава, неколку институции од ексклузивната „Russell Group“   не успеваат да ги пополнат слободните места. Оваа година на универзитетите им било дозволено да регрутираат што е можно повеќе студенти со оценки од А ниво (највисоки во Британија). Но, бидејќи на популарните универзитети како Бристол и Оксфорд им било дозволено да се прошират, битката за најдобрите студенти станала доста жестока. За да „останат во игра“, некои институции прифаќале и студенти со пониски оценки, или нуделе големи суми на пари за најуспешните стипендисти.

Околу половина од високо-тарифните институции сé уште рекламираат евтини курсеви. Помеѓу овие познати и афирмирани универзитети кои се мачат со last-minute бизнис понуди се седум членки на „Russell Group“ : Единбург, Глазгов, Лидс, Нотингам, Шефилд, Универзитетот на Кралицата во Белфаст, Ворвик и Јорк.

Проф. Стив Смит, вице-канцелар на Универзитетот на Ексетер, кој ги зголемил слободните места за бруцоши од 3.350 на 4.850 во последните 2 години, вели дека топ универзитетите регрутираат повеќе од најбистрите студенти, додека другите нема да можат да најдат доволно.

„Ние стоиме добро. Но истражувања покажуваат дека имаме околу 2.600 студенти помалку со повисоки оценки годинава, па сите други студенти мораа да дојдат од некаде“.

Професот Колин Риордан од Универзитетот во Кардиф, каде има доста голем број на студенти со висок просек, пак, демантира: „Со оглед на тоа што нивоата на оценки се одредуваат построго од порано, ако студентите имаат неколку поени помалку не значи дека нашите стандарди се драстично намалени“.

„Она што не смее никој да го прави е да ги намалува понудите, и да доаѓаат студенти кои не можат да се справат со курсевите. Тоа би било неморално и навистина се надевам дека нема да се случи“, додава тој.

Во меѓувреме, универзитетите се обидуваат да ги привлечат најбистрите и најуспешните со ветувања за бесплатен буџет за тие со најдобри оценки. Ова е „школарина по дисконтна цена“ – типично нарекувана како „академска школарина“ или „стипендија за одлични студенти“. И како што велат, функционира.

Ваквите тактики не им се непознати ни на поновите универзитети. На пример, во самата групација, Универзитетот на Кралицата Мери во Лондон понудил 3.000 фунти годишно за 3 или 4 години за сите студенти на природонаучни, технолошки и економски факултети кои добиле највисоки оценки, како награда за нивниот избор. Универзитетот на Саутемптон дава 1.000 фунти годишно за студентите на сите факултети, кои имаат само највисоки оценки. На Шефилд најуспешните студенти на факултетите за инженеринг и компјутерски науки добиваат околу 3.000 фунти.

Универзитетот на Кралицата во Белфаст, уште еден член на групата Расел пак е уште покреативен во обидите да привлече студенти. Освен 1.750 фунти годишно, на новите студенти им нуди и 3 бесплатни летови до родниот град, бесплатно членство во спортски клуб и бесплатен годишен билет за кино за сите години од студиите, бесплатно сместување и кујнска опрема.

„Ова е понижувачко и ја уништува смислата на универзитетот , каков тој треба да биде. Да се дојде и да се дипломира не е понуда за продажба. Тоа е нешто повисоко и поважно, а проституирањето на универзитетите на ваков начин го деградира целото искуство“, вели Риордан.

Но Мет Роб, менаџмент-директор на Партенон, консултативна агенција која советува голем број на водечки универзитети за нивната стратегија, вели дека најпопуларните и најелитни универзитети никогаш не прават „дисконтни понуди“, бидејќи немаат потреба од тоа.

„Но, ако сте рангирани под топ 10 листата, проблемот е во тоа што сакате елитни студенти, но не сте издвоени од другите универзитети на пазарот. Дисконтирањето во тој случај е сосема рационално – и прави студентот да се чувствува награден“.

Еден голем проблем, секако, е што парите кои се даваат на најдобрите мора да дојдат од некаде, особено кога се даваат големи награди на студентите од природонаучните и техничките факултети, кои се тешки да предавање.

„Да се зема школарина од 6.000 фунти од студенти на инженеринг е многу поразлично од тоа истата сума да се земе од студентите на уметност или општествени науки. Тие давачки не се оправдани“.

Многумина веруваат и дека целата оваа компетитивност прави многу за тоа да се потенцираат разликите помеѓу универзитетите кои тврдат дека се најдобри.

Ник Хилман, директор на Институтот за политики за високо образование, вели дека на универзитетите им се исплати што се дел од Расел групата.

„Брендот е многу моќен. Дури и ако институциите кои се на дното на групата немаат големи бенефиции, значајно е што се дел од неа“.

Извор: Guardian