Најдобрите телевизиски ликови по Тони Сопрано [2]

15 години по премиерата на The Sopranos, серија која нашироко се смета за една од најдобрите во модерната телевизија, Tony Soprano и натаму е култен лик, кој стана неразделив дел од урбаниот фолклор.

Но, во меѓувреме се случи своевидна ренесанса на форматот на ТВ-сериите, а тие во последните години сериозно му конкурираат на Холивуд и неговите филмови, во популарноста и особено во квалитетот и содржината. Yahoo! направи листа на 99 најдобри телевизиски ликови по Тони Сопрано, од која пренесуваме избор, во два дела. [погледнете и го првиот дел од изборот на најдобри модерни телевизиски ликови]

Borat Sagdiyev, Da Ali G Show

Најдобрите телвизиски ликови по Тони Сопрано [2]

Пред да се вивне кон славата во неговиот фантастичен филм на големото платно, ликот на Борат, казахстанскиот новинар, се појави во телевизиското шоу на Sacha Baron Cohen, каде ги тестираше обичаите на животот во Велика Британија и САД. Тој го поседуваше еден од најдобрите, најсофистицираните начини за критика на западната култура – го користеше сопствениот фанатизам, нетолерантност и мизогинија за да ги открие овие особини кај другите.

Frank Underwood, House of Cards

Најдобрите телвизиски ликови по Тони Сопрано [2]

Зол, студен, пресметан, гладен за моќ и подготвен за убиство – сето ова се прецизни описи на Francis Underwood. Но, од друга страна, тој е шармантен, има беспрекорни манири и мазен акцент од американскиот Југ. Во една од највпечатливите изведби во неговата богата кариера, Kevin Spacey покажува зошто е еден од најдобрите актери на нашето време.

Rust Cohle, True Detective

Најдобрите телвизиски ликови по Тони Сопрано [2]

Rust Cohle е заколнат нихилист. Филозоф-мизантроп кој верува дека човештвото треба да му направи услуга на Космосот и да „отчекори во истребување држејќи се за раце“. Но, и покрај целиот негов песимизам, Cohle е најморалниот и најхуманиот лик во True Detective. Дури и кога е изгубен во алкохолот и скитањето, тој продолжува да го бара убиецот – не затоа што чувствува гнев или вина, туку затоа што во него има надеж.

Dr. Gregory House, House MD

Најдобрите телвизиски ликови по Тони Сопрано [2]

На хартија, докторот House нема мани: свири клавир, има брада од три дена, зборува повеќе јазици, вози мотор, има одлична смисла за хумор (често прилично црн) и поседува недостижни вештини од медицинската дијагностика. Но, под ова, тој е непоправлив мизантроп и сериозно скршен човек зависен од лекови. Сепак, и покрај сиве овие мани, едно е сигурно – House не е здодевен.

Barney Stinson, How I Met Your Mother

Најдобрите телевизиски ликови по Тони Сопрано [2]

Овој сериски женкар обожава едноноќни средби и скапи костуми и можеби е најзаслужен за големиот успех на ситкомот на CBS. Ликот кој одлично го доловува Neil Patrick Harris сепак е многу повеќе од обичен „бркач на здолништа“ – тој е шармантен и интелигентен, речиси допадлив.

Larry David, Curb Your Enthusiasm

Најдобрите телевизиски ликови по Тони Сопрано [2]

Larry е прилично високо на оваа листа за човек кој фактички се игра себеси. Себичниот и смешен лик, крајно неталентиран за социјални односи, кој ги анализира сите работи до степен на апсурдност, беше на екраните цеил осум сезони. Самиот David, кој е еден од создавачите на легендарниот ситком Seinfeld, во оваа улога заслужува место меѓу великаните.

Sheldon Cooper, The Big Bang Theory

Најдобрите телевизиски ликови по Тони Сопрано [2]

Тој е далеку од идеалниот цимер – арогантен е, има невозможни барања поврзани со храната и за ниедна цена не го напушта своето место на каучот. Но, со него ретко има здодевни моменти, а неговиот мозок работи прекувремено. Покрај ова, тој има неизмерна љубов за науката и за поп културата, а неговиот лик се развива од епизода во епизода. Дефинитивно заслужува да се најде на оваа листа.

Lorelai Gilmore, Gilmore Girls

Најдобрите телевизиски ликови по Тони Сопрано [2]

Таа е мајката што сите би сакале да ја имаат – повеќе сестра отколку мајка. Во симпатичната серија, Lorelai седеше со својата ќерка Rory, јадеа сендвичи, гледаа стари филмови и серии на телевизија и зборуваа за своите животи во еден специфичен, искрен и приврзан начин. Нивната нераскинлива врска е инспирација за цела една генерација на деца и тинејџери што пораснаа со родители растргнати од обврските и стресот на нашето време.

Don Draper, Mad Men

Најдобрите телевизиски ликови по Тони Сопрано [2]

Извонредно изграден лик – однадвор совршен и успешен, одвнатре шуплив и полн со проблеми и скриени стравови. Со својот фалсификуван, лажен лик, човекот кој секојдневно им продава работи на другите, истовремено се продава и себеси. Одигран маестрално од Jon Hamm, ликот на Don Draper е сигурно највпечатливиот во оваа одлична драма-серија.

Walter White, Breaking Bad

Најдобрите телевизиски ликови по Тони Сопрано [2]

Она што беше Tony Soprano за почетокот на 21-от век, тоа е Walter White во 2010-те. Изведбата на Bryan Cranston заслужи четири награди ЕМИ и писмо на воодушевување од легенда каква што е Anthony Hopkins, но и ова некако не е доволно за да се искаже должна почит кон ликот на Walter White. Повлечениот професор по хемија што станува господар на дрогата е дефинитивно највпечатливиот лик што се појавил на малите екрани во последните години.

Погледнете ги комплетните листи на Yahoo! – најдобри модерни телевизиски ликови, од 50-то до првото место:

49-40
39-30
29-20
19-10
9-1