Најдобрите телевизиски ликови по Тони Сопрано [1]

15 години по премиерата на The Sopranos, серија која нашироко се смета за најдобра во модерната телевизија, Тони Сопрано и натаму е култен лик, кој стана неразделив дел од урбаниот фолклор.

Но, во меѓувреме се случи своевидна ренесанса на форматот на ТВ-сериите, а тие во последните години сериозно му конкурираат на Холивуд и неговите филмови, во популарноста и особено во квалитетот и содржината. Yahoo! направи листа на 99 најдобри телевизиски ликови по Тони Сопрано, од која пренесуваме избор, во два дела.

Richard Harrow, Boardwalk Empire

Можеби изгледа страшно, но под неговата сурова надворешност се крие нежна душа. Многу сликовити ликови загинаа во Boardwalk Empire, но ниту една смрт не беше трогателна како онаа на Richard.

Најдобрите телевизиски ликови по Тони Сопрано [1]

Nero Padilla, Sons of Anarchy

Се појави во петтата сезона и набрзо стана еден од најизградените ликови во епската моторџиска сага, благодарение, меѓу другото, и на одличната изведба на Jimmy Smits.

Најдобрите телевизиски ликови по Тони Сопрано [1]

Lorne Malvo, Fargo

Ладнокрвниот, безмилосен платен убиец со смешна фризура, кој има извонредна способност за маскирање, е маестрално одигран од искусниот Billy Bob Thornton, во телевизиската верзија на култниот филм на браќата Cohen.

Најдобрите телевизиски ликови по Тони Сопрано [1]

Dexter Morgan, Dexter

Сведоштвото на смртта на неговата мајка му всади желба за убивање, но не му го разниша цврстиот морален код – Dexter Morgan е еден од првите антихерои на модерната телевизија, а сигурно е и меѓу најголемите.

Најдобрите телевизиски ликови по Тони Сопрано [1]

Daryl Dixon, The Walking Dead

Не се истуширал цели пет сезони. Не зборува многу, а немал љубовен интерес за никого. И покрај сето ова, Daryl е еден од најомилените борци против зомби-опсадата на планетата. Во стариот свет тој бил отпадник од системот, во новите, страшни услови, неговите способности и пожртвуваноста се она што е важно.

Најдобрите телевизиски ликови по Тони Сопрано [1]

Claire Underwood, House of Cards

Балансирајќи извонредно меѓу ликовите на феминистка-воин и женски социопат, покажувајќи дека може да се најде  иво двете улоги, Robyn Wright во само три сезони успеа да го создаде еден од највпечатливите модерни телевизиски ликови.

Најдобрите телевизиски ликови по Тони Сопрано [1]

Arya Stark, Game of Thrones

Вистинските херои се ретки во Game of Thrones – принципиелноста таму се наградува со брза и брутална смрт. Но, Arya покажа дека може да биде херој – поголемиот дел од нејзиното семејство е мртво, а таа мора да помине многу време опкружена со луѓето кои и ги убија најблиските. И покрај ова, таа ја задржа својата чест и остана верна на својата природа.

Најдобрите телевизиски ликови по Тони Сопрано [1]

Jesse Pinkman, Breaking Bad

Jesse требало да биде убиен во првата сезона од хит-серијата, но неговата популарност како лик, заедно со одличната изведба на Aaron Paul го внесе меѓу легендите. Трагичен, но сакан лик, кој секогаш го влече најдебелиот крај, иако очајнички посакува помалку деструктивен живот.

Најдобрите телевизиски ликови по Тони Сопрано [1]

Mort/Maura Pfefferman, Transparent

Во својата трета, но веројатно најдлабока голема телевизиска улога, Jeffrey Tambor игра пензиониран универзитетски професор, кој на стари години решава конечно да стане жена и да ја пронајде смислата и исполнетоста. Како маж, тој бил несреќен и отсутен, но како жена, Maura е нежна и полна со разбирање за многуте проблеми на своите деца.

Најдобрите телевизиски ликови по Тони Сопрано [1]

Galina “Red” Reznikov, Orange Is the New Black

Поранешната советничка на руската мафија сега е готвачка во затворката кујна, но и многу повеќе од тоа – не само цврста и понекогаш безмилосна, туку и емотивна и лојална.

Најдобрите телевизиски ликови по Тони Сопрано [1]

(продолжува)

Погледнете ги комплетните листите на најдобри телевизиски ликови од 60-99 место, на следните линкови: 1 2 3 4