Најдобрите спортски екипи од скопските училишта ќе се натпреваруваат Нирнберг

И оваа година најдобрите спортски екипи од средните училишта од Скопје ќе се натпреваруваат со нивните врсници од странство. По успешните гостувања во Истанбул, Ниш, Загреб, Љубљана, Софија и Белград, Градот Скопје годинава обезбеди буџетски средства за патување во збратимениот град Нирнберг, Германија.

Екипите денеска заминаа за Нирнберг, а годинава силите со нивните врсници ќе ги одмерат најдобрите екипи во футсал, ракомет и кошарка во машка и во женска категорија, како и во одбојка во женска категорија.

Покрај средношколските спортски лиги на Град Скопје, во чии натпреварувања годинава учествуваа над 6.000 средношколци, годинава за првпат од буџетот беа обезбедени и стипендии за 100 најуспешни спортисти, ученички и ученици, од по 3.000 денари во текот на осум месеци до крајот на 2018 година.