Најдобрите работни места за младите според Glassdoor

Раните дваесетти години знаат да бидат мошне збунувачки, но и возбудливи за младите кога почнуваат да бараат работа што ќе ги направи среќни.

Поради тоа „Glassdoor“ направи листа од 10 најдобри работни позиции  за младите во нивните 20- ти години. За да ја креираат листата од „Glassdoor“ ги анализирале оценките и коментарите оставени на нивниот сајт од вработени на возраст меѓу  20 и 29 години, а оставени во текот на изминатите три години. Во секој од коментрите, младите давале оценка за тоа колку се задоволни од работата според скалата од 1 до 5.

Дваесетгодишниците највисока просечна оценка (4.0) даваат за позицијата маркетинг менаџер. Според Scott Dobroski од „Glassdoor“ причината за високата позиција на ова работно место лежи во тоа што оваа професија им нуди јасно дефиниран развој на кариерата и можност да бидат креативни во тимска работна средина.

Младите исто така високи оценки даваат за позициите софтверски или машински инженер поради можноста да создаваат работи и да учат од поискусните колеги.

Сепак можноста за кариера на долг рок не е единственото нешто што ги прави среќни младите дваесетгодишници кога станува збор за изборот на работа. Работните места како бармен, шанкер или спасувач (на вода) исто така се најдоа на листата на „Glassdoor“ пред се поради флексибилното работно време и пријатната работна атмосфера.

Извор: Вusinessinsider