Најдобрите национални паркови во Европа

Овие паркови имаат неверојатни пејсажи и див свет и се достапни за најиздржливите туристи и авантуристи. Погледнете некои од најдобрите национални паркови во Европа, спорeд Гардијан.

Gran Paradiso, Италија

1

Ова можеби е едно од најстарите заштитени подрачја на Алпите, но дивите езера и планини на националниот парк Гран Парадисо честопати се занемарувани од туристите, кои повеќе ги посетуваат популарните дестинации во северна Италија како што се: езерата во Комо, Маџоре и Гарда. Во текот на летото, посетителите можат да пешачат по планините, а во зима можат да уживаат на скии и крос-кантри тури. Долините Орко Соана и Когне се големи области за истражување, исто како и селата со традиционалните камени куќи. Во оваа област има широки можности за сместување, ограничени зони за  кампување, а од управата на паркот исто така нудат и водичи.

Triglav, Словенија

Единствениот национален парк во Словенија, Триглав е убаво пространо пополнување на северниот агол на земјата. Езерото Бохињ можеби нема црква на средината од островот како што има Блед, но Бохињ е далеку помирно и лесно може да се најде место за престој во некоја од дрвените куќички во селото покрај езерото. Таму можете да се пешачи, вози велосипиед, да се патува со кајак или можете да се „шлапка“ во чистата езерска вода во која се рефлектираат врвовите околу езерото. Искачувањето по стрмните патеки до врвот на ридовите со поглед на Бохињ, наградува со многубројни неверојатни погледи од кои застанува здивот.

Oulanka, Финска

Во Лапонија во близина на финско- руската граница, националниот парк Оуланка изгледа неверојатно во текот на целата година. Пешачката патека која минува низ него е најпозната во Финска. Должината на патеката изнесува 80километри кои може да се поминат за седум дена, низ шумата и над реките по дрвените пешачки мостови. Исто така може бесплатно да се преноќи во дрвените колиби кои се наоѓаат на патеката. Постојат и кајакарски патеки по течението на реката Оуланкајоки. Паркот е основан во 1956 годнина и е познат по своите ирваси и ретки растенија. Розевите и бели калипсо орхидеи кои се сомбол на паркот и кои едвај се гледаат на друго место, овде се многу честа појава.

Peneda-Gerês, Португалија

Коњчињата Wild Garrano, слободно шетаат во овој национален парк во северниот дел на Португалија. На големата површина од природна убавина има остатоци од човечка окупација како римските патеки со патокази стари 2.000 години. Сера Герес е парк со најпопуларната населба во која има базени за пливање. Исто така важно е да се напомене дека е важен и датумот на посетата, секој петок 13-ти, селото Монталегре надвод од источната граница на паркот ужива во Noite das Bruxas, улична забава поткрепена со „queimada“ -локалниот пијалок на ликер со мед.

Saxon Switzerland, Германија

Драматичноста и несекојдневноста на пејзажи кои го исполнуваат овој регион во источна Германија ја даваат повеќе од 700 врвови за „рок планинари“ и стотици километри  обележани пешачки патеки. Главната атракција во паркот треба да биде Бастеи, камена формација од 194 метри над реката Елба. Малервег патеката долга 112 км е добро изоден пат преку пејзажот познат на инспиративните сликари и уметници. Паркот исто така се протега и низ Чешка.

Sarek, Шведска

Работи кои ги нема во Сарек се обележани патеки, кабини, кафулиња, други луѓе. Работи кои ги има овде се околу 100 глечери, шест од најголемите шведски самити и многу речни брзаци. Туристичкиот одбор советува посетителите да поседуваат добри вештини за читање мапи и добро познавање на вакви терени ако решат да го посетат овој парк. Сарек се простира на 2.000 километри квадратни недопрена природна средина, а возможно е и приклучување на пешачката турнеја низ дивината со искусен водич.

Kalkalpen, Австрија

Четири петини од националниот парк Калкалпен во Австрија е пошумен. И покрај неговата впечатлива природна убавина која може да се набљудува од панорамската точка со височина 21 метар, кулата Wurbauerkogel во близина на градот Windischgarsten, овој парк е релативно непознат. Од управата на паркот организираат тури од обучени лица, ренџери со може да се шета во внатрешноста на шумата и да се види невообичаената флора и фауна, малите бувови и црните тетреби.

Rago, Норвешка

Во регионот на Норланд, Норвешка, дури и областите кои не спаѓаат во националниот парк се спектакуларни. Раго е импресивен сам по себе. Цврстите камени формации, карпи и стрмни планини нудат поразлични пејзажи. Еден од најважните моменти е водопадот „Litlverivassforsen“ кој паѓа надвор од границите на езерото Литверванет. Постојат пешачки патеки, а во непосредна близина се и парковите Сјункхатен и Јункердал, место повеќе за оние кои сакаат да истражуваат.

Port-Cros, Франција

Порт Крос е најмалиот од трите златни острови надвор од Азурниот Брег. Широк само еден километар,  долг три, а со своите ридско-диви теренски патеки и неговите гребени обезбедува фантастичен поглед на пенливото море. Заштитениот статус се протега на 600 метри околу брегот каде чистите води се богати со заштитени морски животни . Автомобилите и велосипедите на Порт Крос се пренесуваат со фериброд од полуостровот Гиенс, како и од сестрински острови Поркуелорес и Левант. За вториот остров се вели и дека е родното место на европскиот нудизам. Полуостровот Гиенс е многу популарен меѓу француските туристи, кои се сместуваат во многуте кампови и летни населби во текот на јули и август, надвор од британскиот радар. Најблискиот град е Херес кој е познат по своите градини и палми.

Ordesa, Шпанија

Најстариот национален парк во Шпанија ги нуди најдобрите пешачки тури по Пиринеите, но сепак е малку познат надвор од границите на Шпанија.

„Неверојатно е тоа што не е познат меѓу британските пешаци“ – вели Фил Џејмс, британски планински водич стациониран во областа на Пиринеите.

„Тоа е една од најспектакуларните области во Европа. Доколку стануваше збор за Алпите, ќе беше преполно со Британци,“додава тој.

Познат по своите три километари длабоки глацијални долини, сите од нив се искачуваат до главата на Монте Пердидо(3.355м). Има различни патеки според тежината, а крајот на јуни и почетокот на јули е најдобриот период за посета на овој парк.