Најдобрите хорор филмови на сите времиња, во избор на магазинот Time

„Ноќта на вештерките“, празник од англосаксонскиот свет, кој изминативе години стана популарен и кај нас, често се врзува со хорор филмовите. Ако сте љубител на овој жанр, а немате идеја за добар хорор, часописот Time ја направи оваа листа на 25 најдобри филмски остварувања од жанрот, пригодни за вечерва. Меѓу нив се најдоа главно се класици, како „The Exorcist“ и „Carrie“, но и понови филмови, како „Paranormal Activity“:

The Fly (1986) – Jeff Goldblum како човек кој по грешка во научен експеримент се претвора во мува:

The Exorcist (1973)

Max Von Sydow и младата Linda Blair во мачната приказна за истерувањето на ѓаволот од мало девојче. Филмот, снимен во „златната декада“ на хорор филмовите – 70-те, во режија на William Friedkin, имал десет номинации за Оскар (добил два „Оскари“). Во многу избори е прогласен за „најстрашен филм на сите времиња“.

Night of the Living Dead (1968)

Во еден од првите филмови со зомби-тематика, независниот проект на режисерот George A. Romero, стотици оживеани мртви ги напаѓаат луѓето сокриени во куќа на гробиштата.

Blood Feast (1963)

Во Мајами, психотичен угостител убива жени и ги користи деловите од нивните тела за да повторно создаде египетска божица.

Carrie (1976)

Brian DePalma го адаптира романот на Stephen King, а резултатите се вистинска класика, со одличната Sissy Spacek, во улога на осамена тинејџерка со телекинетички способности.

The Texas Chain Saw Massacre (1974)

Прочуената приказна од пред 40 години, која стана дел од урбаниот фолклор, и денеска изгледа свежо и интересно (особено за хардкор-фановите на хоророт).

Thirst (2009)

Современа корејска приказна за вампири, според мотиви од роман на Emile Zola.

Children of the Corn (1984)

Уште една адаптација на дело на Stephen King – обземени од демони, децата во мал американски град си ги убиваат родителите. Неизбежна лектира за секој љубител на хорор филмовите.

The Omen (1976)

Уште една класика, во режија на Richard Donner (подоцна автор на серијалот Lethal Weapon). Одлична актерска екипа и „смрзнувачка“ приказна, со Антихристот (во форма на дете) во фокусот.

The Blair Witch Project (1999)

Еден од најкреативните филмови во последните 20 години, снимен за многу мал буџет и со камера во постојано движење, ова е остварување што вреди да го гледаат дури и оние на кои хоророт не им е омилен жанр.

Погледнете ја целата листа на најдобри хоро филмови во избор на магазинот Time.