Најдобрите фотографи во 2017 ги раскажуваат приказните што ги доловија

Од бегалците Рохинги во Бангладеш, до огромниот пожар во кулата Гренфел и морското коњче обвиткано околу чепкалка за уши – фотографите опишуваат како ги направиле едни од најдобрите фотографии во 2017 година. Листата е направена според Сара Гилберт од „Гардијан“.

Морско коњче закачено за чепкалка за уши во Индонезија, Џастин Хофман

17 септември – Јас сум водич за експедиции и однесов клиенти на нуркање. Прво беше добро, но потоа се промени плимата и сите овие остатоци од ѓубре почнаа да лебдат над гребенот. Она што започна како пријатно попладне се претвори во пливање во ѓубре. Тоа беше прилично одвратно. Отпрвин, јас само го видов морското коњче и мислев дека е симпатично. Останав со него и тоа се фати за стапчето. Има само три бои на сликата, па има убав графички квалитет, но исто така создава чувство на одвратност. Често гледам ѓубре и животински свет заедно, но ова е најдраматичната интеракција што сум ја видел.

Шумските пожари во Јужна Калифорнија, Марио Тама / Гети слики

7 декември – Ова беше еден од неколкуте силни пожари во тој период. Пламенот речиси стигна до океанот и гореше покрај автопатот – автомобилите поминуваа на само неколку метри од него. Видов двајца пожарникари кои работеа со блескави уреди и изгледаше навистина визуелно впечатливо. Прашав дали можам да ги фотографирам и чекав додека не беа врамени од пламенот. Никогаш порано не фотографирав шумски пожари, па за мене сè изгледаше интересно и неверојатно. Но, тоа беше, исто така, неверојатно тажно. Научив дека дури и кога се чувствуваш многу интензивно и моќно, тоа не мора да значи дека вашата фотографија ќе зборува. Треба да ги барате моментите на човештво.

Карневалот Нотинг Хил, Мет Стјуарт / Магнум слики

27 август – Фотографијата беше направена за време на забавата „Жуверт“ („Го отворам“), која се случува околу 7 часот наутро. Во основа е борба со огромна количина на боја, чоколада, брашно, или што било. Тоа е како пријателски немири. Купив костум за целото тело, пластичен заштитник за фотоапаратот и очила, ги носев најлошите обувки и навистина се вклучив. Постојано се судирав во оваа жена и таа постојано фрлаше боја кон мене! На враќање, таа помина покрај овој неверојатен ѕид. Сликата зад неа беше речиси иста како и бојата која ја покриваше – но ѕидот всушност беше недопрен од карневалските прослави. Сакам кога две сосема различни работи се судираат.

Мааси крикет воини, Франсоа Нел / Гети слики

23 август – Мааси крикет војниците не само што играат крикет; тие се обидуваат да ја подигнат свеста за социјалните неправди во нивната заедница, од племенски прашања до осакатувањето на женските гениталии и ХИВ. Тие не се професионални крикери – голем дел од тимот одледуваат кози за да преживеат. Тие имаат поле за тренинг во своето село во Лаикипија, Кенија, и имаше смисла да ги сликам таму, наместо на модернизиран терен. Непосредно пред да слика, стадо на диви зебри наиде од другата страна – и веднаш потоа надојде голема бура. Убаво е што оваа слика е толку широко споделена. Тоа помага да се прошири пораката на тимот

Бегалци од превртен брод кај Лампедуза, Италија, Крис Мекграт / Гети слики

24 мај – Еден месец бев во станицата за помош на мигранти и секое спасување траеше неколку недели. Кога стигнавме до мигрантите, тие не беа во вода – спасувачките екипи ги дадоа спасувачите елеци и се обидуваа да дознаат повеќе за ситуацијата на терен. Не видов како бродот се преврте – но беше толку полн, мислам дека имаше околу 600 на бродот, во кој треба да има 50. Откако сите завршија во водата, имаше друга задача. Почнав да се обидувам да ја направам најдобрата слика како дел од спасувачката екипа. Имаше луѓе кои доаѓаа со рацете испружени – не можете да сликате и да не ги повлечете.

Мигот кога кола удира во демонстрантите за време на протестот во Шарлотсвил, Рајан М. Кели / АП

12 август –  Јас сум дел од тимот на локалниот весник Шарлотсвил, така што го планиравме денот за маршот на „Обединета десница“ и демонстрантите против екстремните десничари. На почетокот, луѓето се бореа. Морав да носам маска и очила, бидејќи имаше солзавец. Не се чувствуваше дека бевме во некоја опасност додека не ја преминав улицата и слушнав како гумите што шчкрипат доаѓаа покрај мене. Ја извлеков мојата камера и само го задржав копчето за блендата. Знаевме уште веднаш дека најмалку едно лице загинало, а подоцна слушнавме дека е активистот за граѓански права Хедер Хајер.

Торнадо во Алберта, Канада, Сесилија Веселс

2 јуни – Беше жешко попладне и мојата ќерка се разбуди од дремење велејќи: „Тато не сака да влезе внатре – го коси тревникот, но има нешто на небото!” Го прашав мојот сопруг дали го видел и тој рече: “Да, но се е во ред, се оддалечува “. Направив слика од торнадото за да им испратам на моите родители. Беше навистина големо, па го вклучив мојот сопруг во фотографијата за перспектива. Во тоа време, воопшто не се чувствуваше опасно – беше чуден момент.

Тимот на Денвер Бронкс клекна на колено, Џон Лејба / Денвер Пост / Гети слики

24 септември – Денвер Бронкос играа со Бафало Билс во северниот дел на Њујорк. Мислев дека нискиот агол ќе биде најдобриот начин да се направи драматична фотографијата. Трамп изјави за играчите кои клекнаа и знаев дека играчите ќе имаат некој вид на протест, но јас не мислев дека многумина ќе го направат тоа. Тоа беше огромно; кога клекнаа, толпата почна да реагира. За тимот, тоа беше прилично мрачно. Знам дека тие разговараа за тоа на состанок, но толпата навистина им скокна.

Полицијата се судри со демонстрантите во Најроби, Кенија, Бен Кертис / АП

10 август  – Известував за судирите меѓу демонстрантите и полицијата во сиромашните квартови на Кавангвер во Најроби, кои избувнаа по изборите. Демонстрантите фрлаа камења и полицијата фрлаше солзавец кон нив. Бевме зад полициските линии и тие само што испукаа уште неколку гасни гранати кога видов човек како доаѓа од толпата демонстранти кон нас. За повеќето луѓе, нивните очи беа оштетени и имаа потешкотии со дишењето, но тој изгледаше сосема недопрен – тоа беше доста извонредно. Кога стигна до полициската линија, полицаец го удри со палка, а потоа му дозволи да продолжи.

Доналд Трамп чека да излезе за време на својата инаугурација, Патрик Семански / АП

20 јануари – Бев качен на кула во центарот, гледајќи токму кон подиумот. Од таму, можев да видам во ходникот каде Трамп чекаше. Мајк Пенс излезе, а потоа Трамп се премести во неговото место, и како што вратите се отвораа, се фокусирав на него. Имаше два маринци кои ги отворија вратите, па на првиот знак на движење почнав да сликам. Бев премногу нервозен за да проверам дали Трамп беше во фокусот. Кога погледнав низ сликите подоцна, можеше да се види како ги затвори очите и зема здив – но не можев да кажам што минувало низ неговата глава.

Канди Фриман на протестот за „Black Lives Matter“, Стефани Кит / Ројтерс

14 јануари – Имав задача да ја посетам Трамп кулата неколку дена пред инаугурацијата. Околу четири часот, маршот стигна преку улицата. Штотуку почна да врне снег – со големи снегулки. Отидов и ја видов Канди Фриман. Го сакав начинот на кој снегулките останаа на неа. Мислев дека тоа е трогателен детаљ, дека не се топат. Тие беа олицетворение на „снегулката”, поимот што десницата ја користи за либералната левица. Сликата изгледа навистина тивка, но всушност се случува хаос зад нас.

Пожарот што ја зафати Гренфеловата кула во Нотинг Хил, Џереми Селвин

14 јуни – Добив повик околу 1.30 часот велејќи дека има пожар во западен Лондон. Кога пристигнав, беше ужасна, кошмарна сцена. Околу една третина од кулата беше запалена. Се доближив колку можам повеќе. Урнатините паѓаа и можев да чујам крик – се чувствував беспомошен; немаше што да правам. Знаев дека има уште еден блок на станови во близина каде што би можел да одам да фотографирам – еден човек ме пушти на балконот. Од таму, можеше да се види целата зграда зафатена од огнот. Известував за многу трагедии во текот на годините, но ова се рангира како една од најлошите.

Бегалците од Рохинга бегаат во Бангладеш, Кевин Фрајер / Гети слики
18 септември – Ова беше направено на мојот прв ден кога пристигнаа бегалците во транзитните кампови. Возев близу границата, а улиците беа полни со луѓе кои бараа помош. Почнаа да даваат бели торби – мислам дека беа полни со храна – но беа толку ограничени што луѓето се бореа за нив. Децата седеа на земја, но тие скокнаа и ова момче се бореше низ толпата. Мислам дека неговиот плач беше реакција на се што се случува околу него – комбинацијата од тоа што беше жешко, што го туркаа и очајот. Потоа ги погледнав фотографиите и не можев да дознаам дали тој доби нешто – тој едноставно исчезна во хаосот.

Маршот со факели на белите супремацисти во Шарлотсвил, Семјуел Корум / Агенцијата Анадолу 
11 август  – Слушнав гласини дека таму ќе има марш со факели, ноќта пред главниот собир во Шарлотсвил. Полека, дојдоа групи луѓе, а пикап камионите почнаа да делат факели. Беше надреално. Очекував да бидат исцрпени, но не беа. Бев шокиран што не се плашеа да ги покажат своите лица. Момчето во белата кошула, Петар Цвjетанановиќ, направи интервју потоа. Тој рече дека не е расист, дека не треба да биде изваден од контекст. Но, тоа беше контекстот. Тие пееја: „Вие нема да не замените” – и тој викаше со сета сила.

Демонстрантите се соочуваат со полицијата во Северна Дакота, Рајан Вижнс

1 февруари – Отидов на Стендинг Рок, бидејќи почувствував дека нема многу покривање на протестите за гасоводот во Дакота и за тоа што се случува таму. Видов дека фотографијата доаѓа и чекав околу 15 минути за ја добијам. Се обидував да ја помешам ликовната уметност со фотоновинарството – навистина сакам симетрија и перспектива. Јас бев зад полицијата, гледајќи на Индијанците – мислам дека 75 луѓе беа уапсени. Откако ги фотографирав протестите, бев на некој начин посвоен од луѓето Лакота – тие се како семејство за мене. Се надевам дека ќе им помогнам да ги зајакнат домородните гласови.

Пливач во водниот парк Минсу во Пјонгјанг, Ед Џонс / АФП

21 јули – Ова е дел од серијата портрети на Севернокорејците. Мислам дека ова девојче, Ри Сонг-хуи, е во нејзините први дваесетти години. Луѓето можат да бидат неверојатно срамежливи затоа што можеби немале видено странци кои оделе наоколу порано. Но, ѝ покажав и некои други портрети што ги направив за да ѝ помогнам да го разбере проектот, по што се согласи. Постои демистифицирачки елемент nа овие слики, се надевам, со тоа што можеме да видиме дека се нормални луѓе кои уживаат во она што многу од нас го прават за време на викенд.

Пет мали носорози сирачиња, Натали Роџерс

8 ноември – Јас работев во просторот за рехабилитација на носорози. Тие доаѓаат кога имаат околу три месеци, трауматизирани од тоа што ги загубиле своите мајки од ловокрадците. Тие често остануваат со тимот додека не се спасат. Ние ги запознаваме со другите телиња, кои им стануваат друштво, па можеме да се повлечеме малку. Откако ќе бидат доволно големи, ги ослободуваме во резерват – што се случи неколку дена откако ги фотографирав. Извадени им се роговите за да не бидат мета на лов. Со помош на анестезија се отстрануваат до основата. Сината боја што можете да ја видите е антисептик спреј.

Женскиот марш во Вашингтон, Марио Тама / Гети слики

21 јануари – Јас живеев и работев во Вашингтон, а како фотограф, секогаш имаш стари пејсажи на ум, па знаев дека ова е добро место. Маршот беше голем – особено во споредба со инаугурацијата еден ден претходно. Сакав да се обидам да го покажам бројот на луѓе таму и содржината на знаците – некои беа смешни, некои сериозни, но сите беа навистина креативни. Ако погледнете внимателно, можете да видите доста детали – мислите на демонстрантите – мислам дека затоа оваа слика е резонира.

Анти-владини демонстранти во Каракас, Венецуела, Ариана Кубилос / АП

10 мај – Ова е момент на демонстрација за време на политичката криза во Каракас. Цели 120 дена, луѓето протестираа поради недостигот на храна, инфлацијата, повикувајќи го претседателот Николас Мадуро да си замине. Демонстрантите на сликата користеа огромен катапулт за фрлање шишиња исполнети со боја и камења. Сето ова се случуваше среде конфронтација со војниците на Националната гарда. Никогаш не сум видел нешто слично. Војниците пуштаа канистери со солзавец и гумени куршуми. Толку многу се случуваше во тој момент – јас имав само една секунда за да сликам.

Украински војник вежба со тегови направени од минофрлач, Сергеј Ваганов / ЕПА

16 октомври – Ја фотографирав украинската армија. Тој е офицер што прави вежби со 120 мм минофрлачки гранати; има многу вакви импровизирани сали на фронтот. Живеев во Донецк се до почетокот на војната. Еден ден проруските сепаратисти ме уапсија и рекоа дека ќе ме плаќаат за да работам за нивниот медиумски канал. Тие рекоа дека ако одбијам, ќе бидам принуден да копам ровови без плаќање. Јас избегав во Мариупол [контролирана од украинската влада] и оттогаш живеев таму. Речиси секоја недела одам на борбената линија. Работев во локален весник во Донецк – никогаш не очекував да станам воен фотограф.

Бијонсе, Авол Еризку 

1 февруари – Фотографија од бремената пејачка со близнаци, од страна на уметникот Авол Еризку, а која беше споделена на Инстаграм профилите на Бијонсе и нејзиниот сопруг, раперот Џеј зи.

Извор: Гардијан