Шестото издание на манифестацијата „iFail“ која е во организација на тимот на „Global Shapers Skopje“, во соработка со Американското катче Скопје ќе се одржи на 28 ноември, со почеток од 19:30 во Кино Култура.
Настанот, велат организаторите, има за цел да покаже дека дури и најуспешните можат да згрешат.
„Сите грешиме, а ретки се тие што ги споделуваат нивните грешки со другите. И оваа година четворица професионалци и храбри луѓе ќе ги споделат своите приказни за грешките во нивните кариери, лекциите кои ги научиле и начините како ги надминале тие ситуации. Веруваме дека нивните приказни ќе ве инспирираат и мотивираат да верувате во своите соништа и храбро да чекорите кон нивно остварување“, се вели во најавата за настанот.
Говорници на овогодишниот настан ќе бидат Ирена Цветковиќ, Мартин Паноски, Искра Гешоска и Жарко Димитриоски, а влезот на настанот е слободен.