Најавени протести против изградба на мали хидроцентрали во Белград

Коалицијата „Граѓански фронт“ денеска ја поддржаа битката на жителите на Стара Планина и истовремено ги повикаа граѓаните на Србија да се придружат на еколошкиот протест против изградба на мали хидроцентрали, закажан за 21 септември во Белград, oбјави српскиот n1info.

Тие наведуваат дека досегашните инциденти на Стара Планина докажуваат дека насилството над јавните и природни ресурси, нужно завршува со насилство врз луѓето.

Од „Граѓанскиот фронт“ оценуваат дека е недопустливо државата која со години ги игнорира барањата на жителите на Стара Планина за заштитување на нивните имоти и животната средина, сега да го игнорира, велат тие, насилството кое неказниво се врши врз нив.

Организацијата уште во април оваа година го потсети Министерството за заштита на животната средина дека наредиле да престане изградбата на малите хидроцентрали, но надлежните органи не постапиле во склад со таа одлука.

„Секое насилство е примарна одговорност на надлежните органи кои решиле да ги занемарат законите и уставот на Србија. Денеска на Стара Планина се брани правото на нашите деца и внуци да живеат во земја чии природни ресурси не се разорени поради профитот на неколкумина поединци“, се вели во соопштението на „Граѓански фронт“.