Најава за протест во Нови Сад откако куче почина од петарда

Група на граѓани „Две минути тишина“ најави протест против петардите кој ќе се одржи утре (3 јануари) во 14:45 часот на градскиот плоштад Слобода во Нови Сад.

Во центарот на Белград, на 1 јануари непозната личност фрлила петарда во уста на улично куче. Некој од минувачите повикал ветеринар, но било предоцна. Кучето починало од внатрешно кварење.

„Поради ваквите ситуации, како и повреда и ампутација на прсти кај децата, бараме да се забрани продажбата и користењето на петарди. Мораме да продолжиме бидејќи следуваат уште два празника на кои ќе се пукаат. Мораме да продолжиме како за нас и за нашите деца, така и за домашните миленици, но и за природата“, посочуваат организаторите на протестот.

Нивната кампања „Стоп за петардите ќе трае до 15 јануари и ова е четврто собирање по тој повод. Групата упати апел до граѓаните да не користат петарди за време на празниците.