Наградуваниот електронски продуцент Mario Basanov нападнат поради хомофобични коментари

Литванскиот диџеј и продуцент на електронска музика Mario Basanov, познат и под псевдонимот Ten Walls, зад себе има редица клупски хитови, кои му донесоа популарност, но и бројни настапи на светските фестивали и во клубовите. Но, мнозинството од клупската заедница сега се сврте против него, откако пред неколку дена на својата страница на Фејсбук објави низа хомофобични коментари насочени против луѓето од ЛГБТ-заедницата.

Во своите објави и коментари од 3 јуни, кои оттогаш се избришани, Basanov, чие вистинско име е Marijus Adomaitis, ги нарече геј-луѓето „различна раса“, пред да се извини и да се правда дека коментарите биле „недоразбирање“.

„Се сеќавам дека продуцирав музика за еден литвански музичар, кој се обиде да ми го испере мозокот дека не треба да бидам толку козервативен и нетолерантен кон нив. Јас му одговорив – што би направил ти ако дознаеш дека твојот 16-годишен син се „работи“ со неговиот дечко? Тогаш тој замолкна“, напиша Basanov на Фејсбук. По ова, Basanov продолжил да објаснува лекции од историјата, за „старите, добри 90-ти, кога за овие луѓе од различна раса имаше лек“ (слободен превод).

Разбирливо, медиумите кои ги застапуваат правата на ЛГБТ-заедницата го нападнаа Литванецот, а според најавите, оваа тирада против геј-луѓето може да влијае и врз неговата кариера во музиката чии корени и развој се тесно поврзани со ЛГБТ-круговите.  Повеќе големи фестивали, меѓу кои и Sonar, Creamfields и PITCH веќе ги откажаа настапите на Basanov, кои беа најавени. Неговиот колега-диџеј, Fort Romeau го откажа својот настап со него, објаснувајќи дека ваквите испади се само одраз на европската реалност, во која има уште многу да се работи за да се достигне идеалот за еднаквост на сексуалните малцинства.

Ефектите од хомофобичните изјави на Basanov можат да се видат и во коментарите на неговата Фејсбук-страница, на која сега нема нови постови од 1 јуни навака:

Наградуваниот електронски продуцент Mario Basanov нападнат поради хомофобични коментари