Награди за најуспешните иноватори на МАКИНОВА

Награди за најуспешните иноватори на МАКИНОВАСо доделувањето награди за најуспешните пронаоѓачи, идеи и иновации на Меѓународната изложба на иновации – МАКИНОВА се заокружи годинашната презентација на македонските иноватори на Скопскиот саем.

Како што истакна министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, оава беше презентација и промоција на иновативните активности на младите, на учениците, но и на компании и иноваторите кои се занимаваат со благородна и креативна активност.

Истакна дека Министерството и во иднина ќе посветува големо внимание на развојот на иновативната дејност и техничко-технолошкиот напредок преку поддршка на иновативни проекти. Најави дека во постапка е формирање на иновациски фонд, кој ќе биде посебно тело кое ќе поддржува директно развој на проекти од аспект на иновативна дејност и во следниот период во соработка со здруженија ќе работат на поддршката на ваквите активности.

„Посебно сакам да ги истакнам активностите на учениците од основните и средните училишта кои се навистина мотивирачки за мене како министер за образование, на еден начин, ова како процес биде една од редовните активности во насока на зголемување на мотивацијата кај самите ученици во целата Република да се занимаваат со иновативни проекти“, изјави Ристовски.

На МАКИНОВА имаше 103 експонати од Македонија и од Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија и Хрватска, меѓу нив и наградувани експонати на млади творци. Оваа изложба се занимава со иновации во областа на творештвото кое е поврзано со технички унапредувања на разни уреди и предмети, додека изложбата „ЕКОНОВА“ исто така во рамките на саемот Технома 2013, се занимава со иновации во областа на екологијата.