Награди за најдобрите литературни ученички творби од Фондацијата „Никола Кљусев“

13 ученици од основните и средните училишта од Македонија добија награда од Фондацијата „Никола Кљусев“ за литературни творби од проектот „Творам за Македонија“.

„Во проектот земаат учество сите основни и средни училишта од Македонија. Секоја година учениците испраќаат литературни творби (проза или поезија) на зададена тема. Оваа година темата беше „Домот во срцето мое““, рече Маргарита Неновска, директорката на Фондацијата.

Наградени се 10 ученици, пет од основните училишта и пет од средните, а доделени беа и три специјални награди.

Од основните училишта наградени беа: Стефанија Александар Ристовска, 8б, ООУ „Димо Хаџи Димов“, Скопје; Јана Костовска, VIII одд., ООУ „Јоаким Крчовски“, Скопје; Оливера Наумовска VIIд, ООУ„Димо Хаџи Димов“, Скопје; Андреја Поповиќ IXв, ООУ „Владо Тасевски“, Скопје и Борис Ночески IX5 одд., ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“, Прилеп.

Од средните училишта награди освоија: Ангела Ајтовска, IV-6 СОУ „Љупчо Сантов“, Кочани; Јовановска Јована  I-3, СОУ ,,Јосип Броз-Тито“, Битола; Марија Наумоска IV 2, СОУГ „Кирил Пејчиновиќ“, Тетово; Ана Илиева I-2, СУГС Гимназија „Орце Николов“, Скопје и Наташа Илиевска IV2 СУГС „Владо Тасевски“, Скопје од средните училишта.

Специјални награди добија Елена Костовска IV год., СУГС „Никола Карев“, Скопје; Дијана Дурлевиќ III год., ПСУ „САБА“, Скопје; и Симоновска Анабела II год., СОУ Гимназија „Гоце Делчев“, Куманово.

„Со оглед на тоа што во изминатите шест години три ученички се истакнаа со своите творби и веќе трипати по ред се наградувани на различни теми, одлучивме овие ученички, како најдобри и овојпат, да ги одликуваме со специјална награда – Истакнат млад творец“, изјави директорката Неновска.

Наградените од основните училишта добиваат стипендии за четиригодишно школување во приватното средно училиште САБА, а наградените од средните училишта добиваат ваучери за посетување на курсеви во организација на САБА.

Фондацијата „Никола Кљусев“ веќе петта година по ред го реализира проектот “Творам за Македонија” со цел да го поттикне творештвото, убавото изразување, креативноста и натпреварувачкиот дух на учениците од основните и средните училишта во Македонија.

Извор: МИА