Вкупно 49 студенти од изминативе две академски години на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ вчера добија златник со ликот на просветителите. Тие добија признание за најдобро дипломирани студенти.
Покрај ова, десетмина студенти од завршниот семестар во прв циклус студии ја добија наградата „26 јули“ од Фондацијата „Франк Манинг“ од Велика Британија за нивниот успех во студирањето. Ова признание го добија студенти од Архитектонскиот, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Филозофскиот, Економскиот, Правниот факултет „Јустинијан Први“ и Факултетот за драмски уметности за учебната 2019/2020 година.
Наградите на студентите им ги врачи ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски.