Награден конкурс за креирање филмски постер за Снупи

Конкурсот трае од 21 до 30 октомври. „Снупи и Чарли Браун: филм за дружината 3D” од 5 ноември во кината

По повод премиерата на филмот„Снупи и Чарли Браун: филм за дружината 3D“, најавена за 5 ноември, „МЦФ МКД“ организира награден конкурс наменет за сите кои ги сакаат анимираните филмови и дизајнот, и ги повикува да изработат свој постер за филмот.

Наградата за авторите на најдобриот постер, според проценката на Ruki Chuki , познат графички дизајнер, ќе биде голем кадифен Снупи и уште пет интересни подароци со мотиви од филмот. Освен најдоброто решение, дизјнерот ќе избере уште неколку постери кои заедно со победничкиот ќе бидат испечатени и изложени на “Изложбата за дружината“во холот на киното Синеплекс. Креациите треба да се испратат на bojan.stanisik@megacom.mk .

– Постерот мора да биде оригинален. За дизајнот на постерот не смеат да се користат никакви оригинални визуелни елементи од филмот или елементи од оригиналниот филмски постер (фотографии, оригиналниот дизајн на насловот на филмот).

– При изработката на постерот може да се користат сите техники.

– Освен оригиналното визуелно решение, постерот треба да ги содржи и следниве информации: насловот на филмот – „Снупи и Чарли Браун: филм за дружината 3D,како и „Во кината од 5 ноември“

– Постерот со димензии 50×70 cm, 300 dpi (.tif формат) треба да се испрати преку некој од бесплатни сервиси за трансфер (sendspace.com, wetransfer.com) на адресата bojan.stanisik@megacom.mk

– Во прилог на мејлот треба да се испрати и намалена слика од постерот како jpeg. Фајл со големина до 2 MB

– Потребно е да се наведе точното име и презиме на авторот, како број на телефон

Крајниот рок за испраќање на креациите е 30 октомври, до 23:00 часот.

Последен пат Чарли Браун и дружината на големото платно се појавија во 1980 г. во филмот “Bon Voyage, Charlie Brown (And Don’t come Back!)” чиј продуцент беше синот на креаторот Чарлс Шулц, Грег Шулц. Дружината на Чарли Браун живееше воглавно низ стрипот чие оригинално име е „Peanuts” и кој во американските весници излегува од 1950 година.