Награден конкурс за графички решенија за пораки против говорoт на омраза на Интернет

Метаморфозис, фондација за Интернет и општество распишува конкурс за графички решенија (илустрации) со кои сликовито ќе се претстават формите против говор на омраза на Интернет, со цел да се маркираат како појави и да се укаже на штетата која тие ја причинуваат на целото општество, а во рамки на иницијативата против говор на омраза на Интернет.

Награден конкурс за графички решенија за пораки против говорoт на омраза на Интернет

Право на учество имаат сите граѓани на Македонија, а на конкурсот ќе се доделат две награди: награда од жирито и награда од публиката за популарност.

Награда од жирито, во износ од 500 евра

Пристигнатите идејни решенија посебно ќе бидат оценувани од тричлена комисија составена претставници на иницијативата против говор на омразаЌе се оценуваат идеата и иновативноста, а најкреативното решение кое ќе биде избрано од жири-комисијата ќе биде употребено како визуелни елементи на дизајнот на веб-сајтот nemrazi.mk, како и промотивни активности против говор на омраза на Интернет.

Награда од публиката  за популарност, во износ од 200 евра

Сите пристигнати решенија ќе бидат објавени преку преку Фејсбук страницата www.facebook.com/nemrazi. Решението со најголем вкупен број „лајкови“ на илустрациите што ќе го сочинуваат ќе се смета за фаворит на публиката и ќе ја добие наградата за популарност. Секој обид за злоупотреба преку примена на лажни профили или автоматизирани скрипти ќе биде санкциониран од страна на организаторот на конкурсот.

Технички услови за учество за најдобро графичко решение:

Секое предложено графичко решение треба да содржи серија од најмалку шест (6) илустрации на тема „Стоп за говорот на омраза на интернет“ и тоа:

Една главна илустрација – лого која ќе ја одразува општата порака „Стоп за говор на омраза на Интернет“

Дополнително, графичкото решение треба да содржи најмалку пет илустрации кои ќе ги отсликуваат сите или дел од следните пораки:

-Стоп за говор на омраза по етничка основа (припадност на етничка заедница)
-Стоп за говор на омраза по национална основа (државјанство)
-Стоп за говор на омраза по расна основа
-Стоп за говор на омраза врз основ на род и/или пол
-Стоп за говор на омраза врз основ на сексуална ориентација
-Стоп за говор на омраза врз основ на религија
-Стоп за говор на омраза врз основ на политичко и друго уверување

Илустрациите кои ќе го сочинуваат секое испратено решение треба да бидат во форма на серија од 6 до 8 посебни слики, со минимални димензии од 500 х 500 px, во .jpeg или .png формат, со вкупна тежина од најмногу 5MБ.

Секој индивидуален автор може да учествува со повеќе од едно решение. Доколку еден автор учествува со повеќе графички решенија, тие треба визуелно значително да се разликуваат едно од друго. За секое предлог-решение треба да се прати посебна порака по е-пошта.

Идејните решенија треба да се испратат по е-пошта на адресата konkurs@nemrazi.mk, најдоцна до 10 март 2014 година (заклучно со полноќ).  Пристигнатите идејни решенија ќе бидат изложени на Фејсбук страницата  facebook.com/nemrazi  од 11 март 2014 во 14 часот, до 17 март во 14 часот, при што публиката ќе може да искаже позитивно мислење за секое од нив преку лајкови на секоја од сликите.

Одлуката за доделување на наградите на конкурсот ќе биде објавена најдоцна до вторник, 18 март 2014 година во 14 часот.

Повеќе информации ОВДЕ.