Наградата „Жан Моне“ постхумно доделена на неодамна починатиот новинар Владе Ѓорчев

Делегацијата на Европската Унија во Македонија годинешната награда „Жан Моне“ во категоријата за најдобар новинарски текст му ја додели на Владе Ѓорчев, неодамна починатиот новинар на „Мета“.

Годинешниот конкурс за наградата „Жан Моне“ беше на тема „Договорот од Пржино и потоа“, а Ѓорчев е награден за истражувачката сторија поврзана со истрагата за случајот „Транспортер“ што ја отвори Специјалното јавно обвинителство, но и за целиот негов авторски и новинарски ангажман во известувањето за Договорот од Пржино и за процесите што произлегоа од него.

Наградата за најдоба професионална фотографија ја доби фоторепортерот Роберт Атанасовски, а за најдобра аматерска фотографија Дарко Цветановски.

Наградената репортерска фотографија на Роберт Атанасовски - Шарената револуција пред Министерството за правда

Наградената репортерска фотографија на Роберт Атанасовски – Шарената револуција пред Министерството за правда