Надлежните одложуваат, студентите со донации ќе ги реновираат старите читални во домовите

Надлежните одложуваат, студентите со донации ќе ги реновираат старите читални во домовитеСо хуманитарна забава вечерва во холот на Економскиот факултет, студентите ќе собираат пари за да ги обноват старите читални во студентските домови.

Организатор на настанот е Студентскиот парламент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Оттаму велат дека оваа забава е продолжување на традицијата, со сменета локација и многу подобра агенда.  Студентите ќе ги забавува Dj shorty p a.k.a Pancho, а забавата почнува во 9 часот.

„Овој пат да се собереме сите на економски да ја продолжиме традицијата и со заеднички сили уште еднаш да ја покажеме нашата хуманост“, стои во повикот од СПУКМ.

Ваква акција се одржа и лани на Правниот факултет каде присуствуваа повеќе од 3000 студенти, кои финансиски помогнаа да се реновира студентската читална во студентскиот дом Гоце Делчев.

И читалните ја делат истата судбина со студентските домови. Студентите се жалат на несоодветни услови, стар инвентар, лошо греење во зима, влага.  Сите надежи сега се свртени кон најавите за реновирање на студентските домови кои постојано се одложуваат.