Над 95 отсто од популацијата на земјата дише загаден воздух

Повеќе од 95 отсто од светската популација дише загаден воздух, а во најголем ризик се луѓето во земјите во развој, соочувајќи се со небезбеден воздух надвор, но и внатре во домот.

Кризата со квалитетот на воздухот доби на значење откако загадувањето на воздухот започна да се прикажува низ бројки. Целокупното аерозагадување е одговорно за 6.1 милиони смртни случаи во 2016 година, со тоа што амбиенталниот (надворешниот) воздух е најголем придонесувач, поради кој имало 4.1 милиони смртни случаи, покажува новата студија на Институтот за ефектите врз здравјето.

Проблемот, според студијата, станува се полош како што светската популација забрзано се урбанизира. Глобалната стапка на смртни случаи, која се поврзува со загадување на амбиенталниот воздух, е зголемена за 19.5 отсто, односно за 3.3 милиони во 1990 година.

Тоа значи дека загадувањето на воздухот стана четврти најголем фактор меѓу останатите здравствени фактори, а над него се наоѓаат само високиот крвен притисок, диетата и пушењето.

За извештајот била употребена нова технологија, вклучително сателитски податоци за да се оцени влијанието на загадувањето на воздухот низ целиот свет.

Загадувањето на воздухот е комплексна мешавина од честички и гасови кои се разликуваат од регион на регион, па дури и во градовите, но ПМ 2,5 честичките се мерката што се користи како главен показател за нивото на загадување.

Извештајот проценува дека речиси седум милијарди луѓе, или 95 отсто од светската популација, живее во области каде ПМ 2,5 честичките ги надминуваат границите на Светската здравствена организација.

Проблемот е најзастапен во Азија, бидејќи Индија и Кина се земјите во кои се случуваат повеќе од половина (51 отсто) од смртните случаи од загадување на воздухот. Поради ова, извештајот вклучува посебни студии за да ги идентификуваат поголемите извори на загадување во овие две држави.

Истражувачите открија дека во Кина, горењето на јаглен во индустријата, за струја и греење на населението е главен фактор за надворешното загадување, по што следуваат транспортот, горењето на биомасата на населението и палење оган на земјоделско земјиште.

Во Индија, пак, најголемиот извор на надворешно загадување е од палењето на биомасата на населението, проследено со горење на јаглен.

Извештајот одделно ги проценува нивоата и влијанијата на загадувањето на воздухот во домаќинствата и укажува дека повеќе од една третина од населението на планетата е изложено на загадување во домот каде ситните честички можат да ги надминат границите на загадување дури над 20 пати.

Загадувањето на амбиенталниот воздух во Кина почна да опаѓа во последниве години, како што владата започна да се справува со согорување на јаглен. Но, за разлика на тоа, Пакистан, Бангладеш и Индија го доживуваат највисокиот степен на загадување на воздухот од 2010 година.

„Загадувањето на воздухот зема огромен замав во светот, отежнувајќи го дишењето на оние со респираторни заболувања, испраќајќи ги младите и старите во болница, отсуствувајќи од училиште и работа и придонесува за рана смрт”, вели Боб О’Киф, потпретседател на Институтот.

„Трендовите за коишто известуваме покажуваат вистински напредок во некои делови од светот – но остануваат сериозни предизвици за да се отстрани овој проблем што може да се избегне”, додаде тој.