Над 80% од младите во Босна сакаат да ја напуштат земјата

81% од младите во Босна и Херцеговина на возраст од 15 до 30 години би ја напуштиле земјата уште утре, доколку им се укаже можност, покажува истражувањето на Младинската информативна агенција на БиХ.

Над 80% од младите во Босна сакаат да ја напуштат земјата

Според директорот на агенцијата Златан Куленовиќ, во последите шест години 150.000 млади од Босна и Херцеговина ја напуштиле државата, заминувајќи во земјите од соседството, но и од западна Европа, САД и Австралија. Поразителната статистика уште повеќе ја засилува тоа што во слично истражување од 2004, процентот на младите кои се изјасниле дека сакаат да ја напуштат земјата изнесувал 62.

Над 80% од младите во Босна сакаат да ја напуштат земјатаСпоред сите досегашни истражувања, главна причина за ваквото расположение кај младите е невработеноста, додека одреден број од испитаниците се изјасниле дека бесперспективноста им ја создава недостатокот од квалитетно образование во Босна и Херцеговина.

Според Министерството за човекови права и бегалци на БиХ, надвор од државата во моментов живеат околу 1.350.000 луѓе, од кои поголемиот дел се млади. Во однос на бројот на население во земјата (околу 4 милиони), Босна и Херцеговина е една од земјите со најголема имиграција во светот.

Најголем број од младите го продолжуваат образованието во Србија и Хрватска, но и во Словенија, Австрија и Германија.