Над 60 отсто од домаќинствата не можат целосно да ги задоволат месечните потреби

Скоро 30% од домаќинствата месечно располагаат со околу 100 евра, и главно овие семејства се потпираат на приходи од пенизја, социјални трансфери и пари од странство. Најновата анализа, односно анкета „Потрошувачката на домаќинствата во 2015 година“, што ја објави Заводот за статистика покажува дека разликата во разположливите средства на семејствата изнесува и повеќе од 11 пати, пишува неделната економска анализа на Порталб.мк.

Само 6,3% од анкетираните домаќинства можат во целост да ги задоволат месечните потреби за живот. Длабок јаз и во начинот на кој сиромашните и богатите ги трошат парите.

Живеачка со 100 евра или со 1 200 евра

Според најновата анкета на Заводот за статистика, повеќе од 56 000 семејства годишно располагаат со 1 278 евра или со само 106 евра месечно. Оваа група на семејства практично е најсиромашна, а анализата на изворите на расположливите пари покажува дека само 14,8% од средствата се остварени од од работен однос, додека 44,4% се средства од пензии, а 14,5 % пари од социјални надоместоци. За разлика од оваа “прва“ категорија на домаќинства според расположливите средства, најбогатите домаќинства годишно располагаат со 14 555 евра или 1 212 евра месечно, што е за скоро 12 пати повеќе во однос на најсиромашните домаќинства.

Анализата на податоците од објавеното истражување, што ја направи „Порталб“ покажува дека скоро 40% од домаќинствата располагаат со средства пониски од 19 500 денари, што е дури и под просекот на месечната плата во земјава. Од друга страна 20% од домаќинствата месечно располагаат со или повеќе од 49 000 денари месечно.

Како, колку и за што се троши семејниот буџет

Големи разлики во начинот на кој се трошат парите во посиромашните и во побогатите семејства покажа истражувањето на статистиката.

„Според намената на потрошувачката, од вкупните употребени средства кај првата категорија на домаќинства (кои располагаат со најниски средства), 77,6% се трошат за храна и безалкохолни пијалоци. Кај домаќинствата од десеттата група (кои располагаат со највисоки средства), за оваа намена се трошат 22,7%,“ покажува истражувањето, пишува Порталб.мк.

Но, побогатите од вкупните употребени средства, дури 4,6% трошат за ресторани и хотели, додека кај насиромашните ова ниво изнесува 0,2%. Вo апсолутна сума, големи разлики има и во висината на парите што се трошат за здравје.

„Домаќинствата кои располагаат на најмало ниво на средства ( 64 085 денари годишно) за здравје трошат 3 112 денари. Домаќинствата кои годишно трошат 1 209 789 денари, за истата намена одвојуваат 49 895 денари,“ покажува компаративната анализа од истражувањето.

Само 6,3% од домаќинствата со подобрена финансиска состојба

На прашањето „Какво е вашето мислење за тековната финансиска година во споредба со состојбата пред една година“, 6,3 отсто од анектираните одговориле дека таа многу или малку подобрена. Еве каки се резултатите од ова поставено прашање:

Многу подобра 0,3%

Малку подобра 6,5%

Иста 51,6%

Малку полоша 25,3%

Многу полоша 16,3%

Уште еден податок открива анкетата на Заводот за статистика. Имено, само 4% од семејствата со месечните примања можат во целост да ги задоволат основните животни потреби. На прашањето „Дали месечните приходи ги задоволуваат потребите“, анкетираните одговориле:

Во целост ги задоволуваат 4,0%

Главно ги задоволуваат 35,0%

Главно не ги задоволуваат 37,0%

Во целост не ги задоволуваат 23,5%

Анектата покажуав дека 0,3% од домаќинствата сеуште не се приклучени на водоводна и канализациона мрежа, само 14,8% имаат инсталација за парно греење а 58,2% за телефнски приклучок. Од друга страна 13,2% од домаќинствата живеат во стан од 20 до 50 квардратни метри, 14% живеат во стан од 50 до 60 квадратни метри, додека 20 отсто живеат во стан од 101 до над 120 кавдратни метри, пишува Порталб.мк.

Во изминатите години економистите и социолозите алармираа дека Македонија станува општество на се подлабока социјална нееднаквост и се поголеми класни разлики. Според економистите, клучната причина за ова е неправедната распределба на националниот доход, односно иако економијата испорачува позитивни стапки на економски раст, ваквиот тренд го чуствуваат оние што располагаат со најголем дел од богатството. Владеачката гарнитура, како дел од своите даночни политики кои треба да стимулираат нови вработувања го воведе рамното одданочување. Дел од економистите сметаат дека за првичност потребно е прoгресивно оданочување, кое за побогатите ќе значи повисоки даноци.