Над 50 „Места со срце“ низ Скопје се вклучија во акцијата на СОС Детско село

СОС Детско село заедно со над 50 „Места со срце“ ја започнаа акцијата со која сакаат да пренесат порака дека и малите и младите кои се без родители и во социјален ризик не се сами.

Почнувајќи од денеска, па до сабота, повеќе скопски локали ќе се вклучат во мисијата на СОС Детско село дека „Ниту едно дете не треба да расте само“. Во дел од овие места посетителите ќе може да се запознаат и со работата на СОС Детско село и да донираат за оние на кои им е најпотребно.

Средствата од Место со срце на СОС Детско село ќе бидат наменети за деца и млади, без родителска грижа и кои се во социјален ризик.

Минатата година околу 130.000 денари кои беа остварени преку оваа кампања беа искористени за поддршка на нивната едукација.

Повеќе информации за акцијата и за локалите кои се вклучија во неа, на следниот линк.